Вести Најважни Свет

Со дронови се трага по исчезнати луѓе – бројот на мртви во поплавите во Шпанија е над 200, денеска и утре нови дождови

Шпанија е на нозе и покрај тридневната жалост во земјата. Бројот на жртви во катастрофалните поплави во Валенсија е над 200, хаосот се расчистува со механизација. И додека спасувачките операции продолжуваат, а во потрагата по исчезнати се вклучени и дронови, државната метеоролошка служба со предупредување за нови дождови, но и црвен и портокалов аларм за Валенсија и Кастењон, најтешко погодените подрачја.

Граѓаните во страв по апелите на владата дека вонредната ситуација сè уште не е завршена. Она што го доживеаја во вторникот го опишуваат како катастрофа, а пустошот што водата го остави зад себе го споредуваат со цунами. Голем дел од нив минуваат долг пат низ калливите улици за да дојдат со храна и чиста вода за пиење.

Невремето парализира бројни сообраќајници. Се проценува дека 150.000 луѓе во Валенсија останаа без електрична енергија по првичниот удар на невремето. ВБо прекин е и железничкиот сообраќај, вклучувајчќи ја и брзата пруга за Мадрид. Официјални претставници порачаа дека ќе бидат потребни две до три недели за санација на штетите.

Опозицијата ја обвини владата во Мадрид за пребавна реакција, но и за ненавремено предупредување на населението и за ненавремено праќање на спасувачки тимови. Министерството за внатрешни работи, пак, ги обвини локалните власти за лоша реакција и оти не се преземени соодветни мерки за цивилна заштита. Шпанската полиција уапси 39 лица кои пљачкаа во поплавените подрачја кај кои се пронајдени голем број на украдени предмети.

Воздушниот систем ДАНА кој ги предизвика поплавите, почна да слабее, но метеоролозите најавуваат нови врнежи за денеска и утре. Најсилните се очекуваат вечерва на истокот и југот на Шпанија, на северот на Валенсија, особено во околината на Тарагона, Кастиња, како и Менорка и Мајорка. Но, и во југозападниот дел на Андалузија, околу Хуелва и Кондада.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мал бетонски објект, метална врата и катанец како единствена заштита – до Комората во Вруток може да пристапи секој

Sasko Dimovski

Рокас повика на постигнување на консензус за носење на клучните закони

Sasko Dimovski

Штипската болница привремено нема да прима пациенти со скршеници – невремето оштети дел од покривот на Ортопедија и операционалата сала

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе