-До 2016-та годин, 18% од територијата на Македонија беше покриена со канализациона мрежа. Во 2023-та процентот на покриеност е 34. Тоа е се уште недоволно. Што значи, Вие сега дискутирате за дрвјата, за зеленилото во урбани средини. Но, најголем дел од селата во Македонија немаат базична инфраструктура за основен живот. Немаат водовод, немаат канализација. Немаат улици, немаат патишта. И затоа ни се случува Скопје и македонската пустина, изјави Перо Костадинов Градоначалник на Валандово во ТОП Тема на Телма.
Квалитетен закон за локална самоуправа значи рамномерен регионален развој и потенцирање и негување на карактеристики и предностите на определен регион во државата.
Според Костадинов, нема познавање на надлежностите на локалната и на централната власт поради што граѓаните на погрешни места бараат решенија за своите потреби.
-Еве, сега за повеќето работи што ќе бидат градени низ општините, ќе бидат градени детски градинки. Чија е надлежноста и зошто не биле изградени претходно. Зошто некоја претходна власт ги насочувала парите кон Скопје 2014-та наместо да ги реализира своите надлежности. Само во изминатиот период од 7 години се изградени 80 нови детски градинки. Точно треба да се знае што е чија надлежност, рече Костадинов во ТОП Тема.