Вести Македонија Најважни

Деветнаесетгодишно момче е рането во синоќешното пукање во Чаир

Деветнаесетгодишниот А.Б. од Скопје е лицето кое синоќа беше повредено од огнено оружје на улицата „Цветан Димов“ во Чаир, откако во него било пукано од лице кое излегло од возило.

„Утврдено е дека повреденото лице е А.Б. (19) од Скопје, кој во службен разговор со полициските службеници појаснил дека додека се движел пеш по ул. „Цветан Димов“, од возило излегол Б.Б. и пукал кон него со пиштол неколку пати. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, соопшти денеска МВР.

Синоќа МВР информираше дека околу 20:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Цветан Димов“ во Скопје имало повредено лице од огнено оружје, кое било пренесено во ГОБ „Св. Наум Охридски“ во Скопје за укажување помош.  Според пријавеното, во повредениот било пукано од возило „пасат“.

Престрелка во Чаир, едно лице е повредено

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Катар престанува да биде посредник во мировните преговори за Газа

Дејан Дејан

Две лица загинаа во руско гранатирање на Купјанск

Дејан Дејан

Со најава за 100.000 засадени дрвја dm дрогерие маркт успешно ja започнува третата година од проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе