Вести Македонија Најважни

Поплавени домови, подруми, улици – тетовските пожарникари со над 20 интервенции во текот на ноќта

Тетовските пожарникари ноќеска имале над 20 повици за интервенции, односно испумпување на вода од поплавени куќи, дворови, подруми и улици. Најголем дел од поплавените куќи се во селата Мала Речица и Голема Речица. Интензивниот дожд траеше повеќе часа, а претпладнево нема врнежи.

„Имавме повеќе од 20 повици од граѓаните што им се поплавени куќи, дворови, подруми. Уште пожарникарите во Тетово интервенираат кај подвозниците на излез од градот или внатре во градот каде што има два вакви подвозници“, истакна Авни Амети, командир на Територијалната противпожарна единица Тетово.

Како што објасни Амети, се поплавуваат неколку критички точки каде постојано има проблеми при поинтензивен дожд.

„Во град Тетово имаше шест такви точки, но интервенираше општината, сега имаме три критични точки. Тоа се населба Деребој, подвозникот за Фалише и селата Мала и Голема Речица. Во минатото не се предвидело како ќе биде за 10 или 20 години. Така имаме мали цевки за атмосферска канализација ставени за 20 куќи, а сега има по 50 куќи. Добро е што општина Тетово прави планови за овие критични места за интервенција на подземната инфраструктура“, изјави Амети.

Пожарникарите во текот на вчерашниот ден извлекуваа и неколку возила кои заглавиле кај поплавените подвозници. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонското знаме, конечно, во кабинетот на Ахмети – амбасадорите му сугерирале, тој прифатил

Sasko Dimovski

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд – Временска прогноза за 24.7.2026

meteo

Осум милиони денари штета на буџетот – Финансиска полиција поднесе кривична пријава против управител и правно лице за даночно затајување

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе