Вести Најважни Свет

Најмалку 14 загинати, трудница преживеа, но не и 8 месечното бебе во Јабланица. Пороите уништија мостови, пруги, затрупаа куќи, заробени возачи во автомобилите. Регионот испраќа помош

14 загинати, родилка го загуби плодот, се трага по десетици, а илјадници жители на областите Јабланица и Којниц останаа без домови. Дождот кој започна да врне ноќта, рано утрово предизвика силно невреме и  покоси неколку области во Босна и Херцеговина. Најкритична е ситуацијата во Доња Јабланица, која е целосно отсечена од светот. Поројниот дожд предизвика свлечишта, уништени се сообраќајните патишта, неколку мостови на реката Дрежанка, а во воздух виси и локалната железничка пруга. Босанските медиуми успеваат да пренесат дел од трагичните случки. Татко и неговиот син утрово храбро се бореле и успеале да спасат 10 луѓе од поплавите, а потоа поројот го одвлекол синот и го однел. Поплавата за само десетина минути ги поплавила долните катови на околните куќи во Јабланица, жителите сведочат дека спас побарале на таваните.

„Утрово кога се разбудив, околу 5.30 часот излегов на мојата тераса и видов вода насекаде, поплавени. Патот за Сараево, патот за Крешево, поплавен. Бев таму  до 6.15 часот, ужас е. Поплавата влезе во домовите на луѓето, сè е уништено, шетам утрово покрај куќите,тоа е навистина ужас. Поплавите навлегоа во домовите  на луѓето, сè е уништено“, сведочи жител на областа Јабланица

Владата на БИХ на итна седница ја ангажираше армијата, регионалните служби и побара од жителите да не се впуштаат во опасни акции за спасување. Потврдени се 14 жртви, да не се шпекулира со изчезнатите чии што број се уште е непознат.

Прогласена е кризна состојба, службите продираат во петте најпогодени региони преку, црвенито крст на Босна и Херцеговина, илјадници луѓе кои ги загубиај домовите чекаат да добијат привремно сместување.

Одговорност треба да се бара, но не за денешната катастрофа туку за причите зошто со години не се одржувал системот за превенириање катастрофи. Каналите, одводната мрежа затаила, е првичната констатација на федералната управа на цивилната заштита. Земјите од регионот се екипираат и најавија помош во механзиација, луѓе, парични донации и воздухплови.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонското знаме, конечно, во кабинетот на Ахмети – амбасадорите му сугерирале, тој прифатил

Sasko Dimovski

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд – Временска прогноза за 24.7.2026

meteo

Осум милиони денари штета на буџетот – Финансиска полиција поднесе кривична пријава против управител и правно лице за даночно затајување

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе