Проблемот со водата во Струмица не може да се реши во догледно време, велат од општина Струмица. Според градоначалникот Костадинов засега нема начин да се намали концентрацијата на манган до дозволено ниво за консумација. Мерењата покажале највисока концентрација забележана во споледните педесет години.
За да им се компензираат трошоците за питка вода но и стресот на граѓаните, општината дала наредба да се ревидира цената на водата и во овој период додека трае кризата, таа да се плаќа како техничка.
Шести ден Струмица не ја користи водата од водоводната мрежа за пиење и готвење. Од вчера канистри и цистерни се доставуваат до институциите, училиштата, градинките, но и на одредени точки за граѓаните да наполнат. Засега нема конкретни предлози како да се надмине проблемот со загаденоста на водата со манган и бакетрии. Се очекуваат и анализите од брана Турија.
Сузана Мицева
