Вести Македонија Најважни

Мицкоски тврди дека не се откажува од ЕУ, но „нема да ги полира чевлите на европските политичари“

Заштита на националните интереси и останување на патот кон ЕУ, се двете стратешки цели кои можат да се остварат без отстапки и компромиси на штета на народот, рече премиерот во своето експозе за првите 100 дена влада. Изрази жалење што Бугарија ја одби понудата на унгарскиот премиер Виктор Орбан за посредништво во спорот, велејќи дека е подготвен да разговара со кого било, но не е наивен, нема да влезе во процес без крај и нема да направи ништо што е спротивно на националните интереси.

Мицкоски побара трпение и за борбата против корупцијата, особено поради, како што рече, партиските послушници кои го контаминираат правосудниот систем. Најави дека во тој дел од денеска почнуваат реформите, откако исекол и рокот за давање предлози од сите што излегле со критики, а никој не доставил никаков предлог.

Тврди дека ДУИ нема да влезат во владата, како што деновиве се шпекулираше во јавноста, откако дадоа поддршка за закони кои се носат со двотретинско мнозинство. За коалицијата рече дека е стабилна и покрај различните мислења.

Како успеси во досегашната работа премиерот ги наброја покачените пензии, капиталните инвестиции во општините, проширувањето на позитивната листа на лекови, новите 600 специјализанти, 4 –те странски инвестиции, исплатата на заостанатите плати, субвенции и к-15 за јавните претпријатија. Очекува првата половина од автопатот Кичево-Охрид да биде пуштена до мај следната година. Рече дека се голем успех, со оглед на тоа што наследиле банкротирана држава, за шест месеци потрошен буџет како за цела година и буџетски дупки во сите сфери, чие затворање им биле примарна задача и фокус.Призна дека направиле и неколку гафови, но рече дека е човечки да се греши, се` додека не се катастрофални.

Во следниот период најавува повеќе проекти, мерки и реформи, нови инвестиции, ценовни намалувања, одлуки за инвестиции, мерки за младите и намалување на даноците.Целта на Владата е и до 2026 увозот на електрична енергија да биде на нула. Од идната година и сите компании  што извезуваат во ЕУ ќе мора да покажат дека производите им се произведени со користење на зелена обновлива енергија.

На ДУИ и на СДСМ им порача да бидат силна и конструктивна опозиција со која ќе се напреваруваат за политики кои ќе донесат подобар стандард на граѓаните.Нивните критики ги нарече нејасни, збунувачки и без јасна анализа.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над 20 случаи во Грција со вирусот Западен Нил

Kristina Kuzmanovski

Без дозвола зел возило на „Црвен Крст“, каде што волонтирал и удрил во повеќе паркирани возила

Sonja Petrusevska

(Видео) Да трпиме за вода на овие температури во јули, ова го нема никаде – анкета меѓу гостиварци

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе