Експлозии се регистрирани над израелскиот град Ерусалим, јавија западни медиуми.
Сирени за воздушен напад се активирани низ целата територија на Израел, јавија локалните медиуми.
Израелската армија објави дека балистички ракети се лансирани од Иран кон Израел.
Дел од израелските медиуми јавија дека од Иран кон Израел се лансирани повеќе од сто проектили.
По нападот затворен е и аеродромот Бен Гурион во близина на Тел Авив.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
