Израелската армија соопшти денеска дека во ракетен напад го елиминирала лидерот на Хезболах Хасан Насрала во Бејрут.
Армијата соопшти дека извршила прецизен воздушен напад врз зграда во бејрутската населба Дахија, која се смета за бастион на Хезболах.
Покрај лидерот Насрала, во нападот биле убиени неколку команданти на Хезболах, тврди Израел.
Насралах го водеше Хезболах повеќе од три децении, а веќе со години воопшто се нема појавено во јавност, стравувајќи дека Израел ќе го ликвидира.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
