Унгарија со предлог за надминување на спорот меѓу Македонија и Бугарија. Предлогот на македонскиот премиер, Христијан Мицкоски денеска лично му го образложил унгарскиот премиер, Виктор Орбан, за време на тет-а-тет средбата која ја имаа во рамки на дводневната посета на унгарскиот премиер на земјава. Орбан не откри што содржи неговиот предлог за постигнување, на како што рече, спогодба меѓу двете земји, за што Унгарија се нуди како медијатор.
Следната станица е да на некој начин да се спогодат со Бугарија.Јас овој предлог и тој предлог му го пренесов на премиерот Mицкоски, и му кажав дека ние сме подготвени да го искористиме претседавањето со ЕУ за да посредуваме во ова прашање. Дали страните се подготвени да ја прифатат Унгарија како посредник ,тоа е нивна работа, но ние сме подготвени да се најде решение кое ќе одговара и на Македонија и на Бугарија изјави Виктор Орбан премиер на Унгарија
Што содржи конкретно предлогот од Унгарија не откри ниту Мицкоски, кој за тоа кои се идните чекори на Македонија за европскиот пат на земјава, по одлуката на ЕУ за разделување на пристапниот пат на Македонија и на Албанија рече дека земјава е жртва на билатерализација на процесот.
Орбан во неколку наврати повтори дека Македонија одамна требаше да биде член на Европската унија.
Според него сега составањето на Македонија зад Албанија и се прави, како што рече историска грешка на квадрат на земјава, но Орбан не одговори директно зошто унгарскиот амбасадор во ЕУ гласаше за разделување на европскиот пат на Македонија и на Албанија.
Орбан притоа рече дека е тешко да се разбере постојаното одолговлекување дека ќе почнат преговори, а тие да се кочат.
Пред нас мораме да го имаме геополитичкиот фактор, но мора да ги почитуваме и државите кои веќе долги години работат на членство во ЕУ. Сега тие се ставени во втор ред, и тоа не е фер од наша страна и затоа ние како претседавачи со ЕУ сметаме дека е многу важно да се задржи на дневниот ред зачленувањето на земјите од Западен Балкан, и согласно тоа би сакале да се забрза процесот на зачленување на Северна Македонија во ЕУ. Подготвени сме да ги одржиме меѓу владините конференции, а ако не успееме тогаш ќе направиме билатерални. изјави Виктор Орбан премиер на Унгарија
Орбан и Мицкоски разговарале и за финансиската помош од Унгарија за Македонија, при што унгарскиот премиер за кредитот од 500 милиони евра кој македонската влада го зеде од Унгарија, рече дека не се кинески пари, а понуди и дополнителна финансиска помош за Македонија таму каде што ќе реши македонската влада дека и е потребно.
Кинески заем не може да даваме, кинески пари не можеме да даваме, бидејќи ние со Кина имаме договор тие пари да одат за конкретни проекти за развој во Унгарија. Кинески пари не може да ви даваме, но даваме европски пари можеме и ќе ви ги даваме.изјави Виктор Орбан премиер на Унгарија
Тие разговарале и за Коридорот 10.
Орбан денеска информираше дека ова му била 18 средба со Мицкоски и оти неговата партија Фидес и ВМРО-ДПМНЕ се братски партии и оти е добро две братски партии да бидат на власт и да соработуваат.
За тоа дали братството со Фидес може да и направи проблеми на ВМРО-ДПМНЕ во Европските народни партии, чиј членка е, а од каде партијата на Орбан беше исклучена во 2019 година, Мицкоски рече дека само може да ги потврди исклучително добрата соработка меѓу двете партии и дека ЕПП не реагирале кога Бојко Борисов изјавил дека социјалдемократска партија во земјава ми е братска партија.
Тамара Грнчароска