Вести Најважни Свет

Нема ново ветување за Киев по разговорите Стармер – Бајден

Премиерот на Велика Британија Кир Стармер по средбата со американскиот претседател Џо Бајден не сигнализираше дека е донесена одлука со која би и се дозволило на Украина да користи ракети со долг дострел од западно производство за напад на цели во Русија.

Стармер рече дека двајцата имале „продуктивна“ дискусија за Украина која се концентрирала на „стратегија“, наместо на „посебен чекор или тактика“.

Ова не беше состанок за одредена способност. Тоа не беше „Зошто ги спуштивме главите денес, тоа беше за да си дозволиме простор во кој одвоивме време да имаме стратешка дискусија за да може да се видат тактичките одлуки во рамките на пошироката стратегија и тоа беше навистина добра покана од претседателот, изјави бриранскиот премиер Кир Стармер

Белата куќа претходно соопшти дека се „длабока загрижени за обезбедувањето на Русија со смртоносно оружје од страна на Иран и Северна Кореја“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски информираше дека Русија само во петокот лансирала над 70 беспилотни летала произведени од Иран низ Украина во текот на ноќта и дека на неговата земја и треба повеќе воздушна одбрана и капацитети со долг дострел „за да го заштити животот и цивилното население“.

Новинар: „Што би искоментирале на заканите на Владимир Путин за ескалација на војната Господине претседателе?.

 

 Бајден: „Не размислувам многу за Владимир Путин.

САД и Велика Британија засега не и даваат дозвола на Украина да користи ракети со долг дострел против цели во Русија, токму поради страв од ескалација на војната.

Пред разговорите во Белата куќа, рускиот претседател Владимир Путин ги предупреди западните земји да не и дозволат на Украина да користи проектили со долг дострел кон Русија. Путин рече дека таквиот потег ќе претставува „директно учество“ на НАТО во војната во Украина.

САД и обезбедија ракети со долг дострел на Украина на почетокот од оваа година, но како и другите западни сојузници на Киев, тие не беа одобрени за употреба врз цели длабоко во Русија.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Престрелка во Чаир, едно лице е повредено

Дејан Дејан

Мицкоски: Нема да паднеме во замката на Бугарија да бидеме вовлечени во нејзиното предизборие

Дејан Дејан

Продаваат пелети како словенечки, а немаат врска со Словенија – директорот на ДПИ со предупредување до граѓаните

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе