Вести Македонија Најважни

Африм Гаши го мина првиот тест – пратениците ја отфрлија интерпелацијата за работата на спикерот

Опозицијата иницираше, а Собранието не прифати политичка одговорност за спикерот Гаши. Дваесет и еден беа „ЗА“, а 72 пратеници го притиснаа црвеното копче, по целодневната расправа во Собранието.

Најпрво партиите од албанскиот блок се солидаризираа и препознаа етничка позадина, албанофобија и исламофобија во иницијативата за интерпелација, поднесена од Левица. Потоа, владејачкото мнозинство во Собранието покажа единство, откако и ЗНАМ се изјаснија дека ќе гласаат против, покрај ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Вреди.

Спикерот Гаши кратко се обрати пред пратениците, а потоа ја напушти салата и кажа дека од страна ќе следи што се случува на седницата.

Во јавноста имаше дилеми дали пратениците од Движењето ЗНАМ ќе ја поддржат интерпелацијата за спикерот, со оглед на тоа што во повеќе наврати имаа несогласувања внатре во владината коалиција. Дилемите за тоа како ќе гласаат ги расчисти пратеникот Павле Арсовски кој посочи дека тие даваат поддршка на Гаши и покрај тоа што имаат забелешки за неговата работа. Обидот за интерпелација сметаат дека е за собирање на политички поени од страна на опозицијата.

Од СДСМ истакнаа дека ќе гласаат за интерпелација на Африм Гаши поради тоа што повеќето скандали досега за нив се доволни за да се повика на одговорност спикерот.

Од опозициската ДУИ препознале етнички предзнак на обидот за интерпелација на Гаши иако и тие имаат забелешки за неговата работа.

На говорницата се дискутираше за заклетвата на албански јазик, молитвата за жртвите од Сребреница, инцидентот кој обезбедувањето на Гаши го предизвика на скопскиот аеродром и како последно – преминувањето на границата на Гаши и сватовите, одејќи на свадба во соседно Косово.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Аневска во Телма интервју: Скопјани пијат безбедна вода – изворот Рашче е хемиски стабилен, се прават 20.000 анализи годишно

Дејан Дејан

Започна хиперхлорирање на водводот во Гостивар

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе