Вести Македонија Најважни

Незаконски добиле повисоки плати – вработени во УЈП ќе треба да вратат над 290.000 евра

На 129 вработени во УЈП кои во февруари годинава од административни станале даночни службеници и добиле повисоки плати им се поништуваат договорите и ќе мора да вратат околу 292 илјади евра.

Државниот инспекторат за труд донел одлука дека на овие вработени мора да им престанат да им важат договорите, бидејќи тоа било нерегуларно спроведено од страна на поранешната директорка Сања Лукаревска.

Антикорупциска исто така веќе укажа дека тие добиле нови договори за време на изборите што исто така се коси со законите.

„Поништувањето на оваа одлука сега значи поништување и на сите нејзини правни последици, односно тоа значи дека ќе се поништат договорите со вработените, склучени по распишување на изборите, што има свое влијание и врз платите, исплатени на определени вработени кои добиле повисока плата со промена на нивниот статус. Најмногу засегнатите вработените во УЈП сега се изложени  на трпење последици од одлуката на претходната директорка на УЈП“, рече новата директорка на УЈП, Петрова.

Ситуацијата можела да се избегне доколку правилниците за распределба на работните места наместо да бидат донесени во законски рок до 3 ноември минатата година се донесени со задоцнување на 9 февруари оваа година, во пресрет на изборниот период.

Притоа за да се добие согласност од Министерството за информатичко општество и администрација во правилниците биле вметнати и работни места за кои немало намера да бидат пополнети и не се пополнети.

„Уште повеќе, согласноста е издадена истиот ден 9 февруари кога министерот, кој ја потпишал, бил разрешен, што е морален и политички хазард. Ова фрла црна „дамка” на целиот процес“, додаде Петрова.

Разликата измеѓу нивната претходна и повисоката плата во просек по вработен од февруари до денес изнесува 2.268 евра.

Петрова изјави и дека преку соработка со синдикатите се обидуваат заеднички да најдат решение кое ќе има најмалку последици за вработените во УЈП.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европска централна банка: Каматните стапки остануваат непроменети поради флуктуациите на цените на нафтата

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Аневска во Телма интервју: Скопјани пијат безбедна вода – изворот Рашче е хемиски стабилен, се прават 20.000 анализи годишно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе