Вести Македонија Најважни

Осомничен за убиство, избегал од Бардовци, вперил пушка во полиција- МВР со детали за потрагата која заврши со загинат осомничен

(Фото илустрација) Полицијата соопшти повеќе детали за синоќешната акција во тетовско Гајре каде е застрелан и усмртен 41-годишен кој бил осомничен за убиство извршено на 5-ти јули во Тетово.

-На 23.08.2024 околу 22 часот полициски службеници од СВР Тетово и Одделот за специјални полициски операции, по претходно добиени оперативни сознанија дека Л.М. (41) од с. Гајре, тетовско, кој е осомничен за кривично дело убиство на 05.07.2024, а бил баран и поради бегство од Психијатарската болница Бардовци, се наоѓа во с. Гајре, преземале мерки и активности за лишување од слобода на лицето, соопшти МВР во дневниот билтен.

Полициските специјалци заминале во Гајре со судски наредби за претрес на повеќе куќи на семејството на осомничениот. При претресот осомничениот извадил пушка и ја репетирал по што како што МВР соопшти тој “бил неутрализиран”.

-По претходно обезбедени наредби за претрес во три куќи во Гајре, при преземање мерки за претрес на куќа сопственост на З.М., затекнат е Л.М., кој бил вооружен со автоматска пушка и пружил отпор и не постапил по дадените наредби на полициските службеници, туку автоматската пушка ја репетирал и вперил кон полициските службеници, по што било пукано од страна на полициските службеници. Откако Л.М. бил неутрализиран, побарана е медицинска помош од Итна медицинска помош, а известен е и јавен обвинител. Кај Л.М. бил пронајден и пиштол и рамки за автоматска пушка и куршуми. Околу 22.50 часот Л.М. починал, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош, стои во полициското известување.

Увид на местото на настанот извршија полициски екипи, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во одделот за судска медицина во Клиничка болница Тетово за обдукција.

Ново убиство од автомобил во движење, овојпат во Тетово

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филмот на Срѓан Јаниќијевиќ „ Нема да ви се верува што се случи претходно“ во натпреварувачката програма на фестивал во Германија

Дејан Дејан

Мицкоски: Очекуваме чиста вода за пиење во Гостивар до крајот на следната недела

Kristina Kuzmanovski

Мртов работник на Комуналец во воден канал, протести, сомнителни резултати – ќе има ли истрага

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе