Вести Македонија Најважни

ССМ: Ветувањето мора да се исполни – минималната плата треба да биде 450 евра

Очекуваме ветувањето на Владата за зголемување на минималната плата во првите 100 дена да се исполни, да се укине зголемувањето од 78 отсто на функционерските плати и да се ревидира пресудата за одземање на зградата, соопштија денес од ССМ.

Минималната синдикална кошничка од почетокот на годинава е потешка за 4.600 денари, минималните плати во регионот растат и Македонија се соочува со повторен егзодус на работниците доколку минималната плата не се покачи, велат од ССМ. Очекуваат средба со премиерот Мицкоски по ова прашање.

Според податоците на ССМ државите од регионот веќе ги покачија минималните плати кои сега изнесуваат од 500 до 800 евра, а проекциите се дека растот на просечната плата во март следната година ќе биде 15 отсто.

Потсетија дека барањето за укинување на 78 отсто повисоки плати сè уште седи во нечија фиока.

Од ССМ соопштија дека во идниот период ќе се бара итно потпишување на Општ колективен договор во приватниот сектор, потпишување на анексите за нови Колективни договори согласно Општиот во јавниот сектор, раст на минималната плата и поддршка на синдикатите во нивните барања за зголемување на платите.

ССМ денес одбележа 78 години постоење, а одлуката за формирање е донесена во паркот зад сегашниот дом на ССМ зградата која по судски пат беше одземена и Синдикатот се бори да ја задржи.

На почетокот на идниот месец во Македонија ќе дојде Естер Линч генерален секретар на Европската конфедерација на Синдикати а од ССМ бараат средба со претставници на Владата за актуелните проблеми на работниците во државата но и пресудата за одземање на седиштето.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Аневска во Телма интервју: Скопјани пијат безбедна вода – изворот Рашче е хемиски стабилен, се прават 20.000 анализи годишно

Дејан Дејан

Започна хиперхлорирање на водводот во Гостивар

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе