Вести Македонија Најважни

Татко со двајца синови во притвор – осомничени за намерно предизвикување пожар кај Патишка Река

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе постапка против три лица – татко и неговите два сина, за кои постои сомнение дека заедно сториле кривично дело „предизвикување општа опасност“ од член 288 став 1 од Кривичниот законик, а Основниот кривичен суд Скопје на тројцата осомничени им определи мерка притвор во траење по осум дена.

Како што информира ОЈО, тројцата соизвршители, со намера да предизвикаат општа опасност за животот и телото на луѓето или за имот од големи размери, на 9 август предизвикале пожар, полевајќи со запалива течност шумско земјиште покрај локален пат на местото викано Дупки, кај Патишка Река.

„Со запалка запалиле нискостеблеста шума и суви треви. Опожареното земјиште е во државна сопственост, а постоела опасност пожарот да се прошири на поголемо подрачје нискостеблеста и високостеблеста шума, па дури и да зафати дел од Националниот парк „Јасен”. Осомничените ги забележал и ги пријавил очевидец, а полициски службеници ги затекнале и кај нив пронашле повеќе литри од запаливата течност која ја користеле за предизвикување на пожарот. Противпожарни екипи интервенирале за да го изгасат пожарот“, соопшти ОЈО.

Бидејќи делото се гони во скратена постапка, се вели во соопштението, по предлог на јавниот обвинител, Основниот кривичен суд Скопје на тројцата осомничени им определи притвор во траење по 8 дена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се врши проценка на штетите по силниот ветар во Штип – пациентите од Ортопадија се уште се на другите одделенија

Дејан Дејан

Полемиката меѓу Муцунски и Османи околу преговарачката рамка не запира

Дејан Дејан

Шумски пожари беснеат во Франција и Шпанија, над стотици илјади луѓе се евакуирани – пожарникарите немоќни пред силата на ветрот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе