Вести Македонија

Нов пожар над Пехчево, изгоре џип на локалната самоуправа – моментно се активни 10 низ цела држава

Десет пожари се активни во Македонија во моментот од кои осум се сериозни, на тежок терен и се провлекуваат со денови. Попладнево избувна нов над Пехчево во кој изгоре и џип на локалната самоуправа, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

„Пожарот во Јасен не можеме да го ставиме под контрола, сè уште се движи низ ловиштето, додека вториот крак се движи во насока на селото Белица иако силно се обидуваме да го стопираме пред самото село“, вели Ангелов.

Првиот човек на ЦУК додава дека „во моментот сме многу слаби со воздухоплови и повторно ќе треба повторно да се потпреме на правење на противпожарни пресеки“.

Тежок пожар има и на територијата на Ресен, кој се спушта кон Стење, на тешко пристапен терен и постои опасност да влезе во шума. Активен пожар има и во Општина Новаци којшто зафаќа голема површина на која гори ниска вегетација, а два тешки пожара има и на територијата на Кичево.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андоновски: Ќе разговараме со нотарските комори да се прифатат електронските документи како валиден документ

Дејан Дејан

(видео)Андоновски: „Електронскиот паричник“ е опција, не обврска

Дејан Дејан

(видео)Андоновски во Топ Тема: Има десетици компании кои што веќе работат исклучиво електронски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе