Вести Македонија Најважни

Едните велат „смешни сте“, другите „изненадени што не сакате меѓународен мониторинг“ – „Вреди“ и ДУИ во меѓусебни препукувања за ветингот

Демократската унија за интеграција (ДУИ) може да конкурира за прво место во категоријата најсмешни моменти. Вака од коалицијата која е партнер во власта „Вреди“ го коментираат барањето на ДУИ за меѓународен ветинг, кое постојано се повторува. Додаваат дека доаѓа време поранешните функционери на ДУИ да одговораат за богатењето со народни пари, но тоа не е меѓународен проблем, туку домашна обврска, велат од „Вреди“ и потсетија дека предлагаат системско решение, како уставен механизам што ќе овозможи кривична одговорност и конфискација за нелегално стекнат имот.

„Постои ли покредибилен меѓународен ветинг за некој политичар од црната листа на САД? – Да го имаш еден Рамиз Мерко во своите редови, главен политички емисар да ти е Мендух Тачи и да зборуваш за меѓународен ветинг е дрско потценување на Албанците од кои 22 години си барал поддршка на избори. Правосудната одговорност за сторена политичка корупција не може да биде меѓународен проблем. Тоа е домашна задача за државниот систем“, велат од „Вреди“.

За Демократската унија за интеграции, реакцијата на „Вреди“ против меѓународно надгледуван ветинг е изненадувачка и уште еднаш порачаа дека време е за правда и за меѓународно надгледуван ветинг без исклучок на никого.

„Дали е оваа очигледен страв поврзан со криминалната активност на олигарсите на урбаната мафија во општините, создавајќи ги најбогатите олигарси збогатени на незаконски начин? – Урбаната мафија не само што помогна во создавањето на незаконски богатства за нив, туку и предизвика сериозно уништување на животниот простор за граѓаните. Време е да се стави крај на овој урбан криминал. Време е за правда, преку меѓународно надгледуван ветинг“, велат од ДУИ.

И Бујар Османи, како кандидат за претседател на ДУИ, ветуваше формирање на меѓународен одбор кој ќе спроведе прочистување на сите функционери кои се вмешани во корупција, а за да бидат назначи ќе треба да добијат сертификати.

Пред неколку дена, ДУИ ги повика политичките партии, особено оние на власт, без одложување да се побара мониторинг од меѓународната заедница за сеопфатен ветинг на сите јавни функционери во последните години.

Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека за проверката што правеле сите политичари не ни треба меѓународен ветинг, затоа што Македонија има закони кои треба да важат и да се применуваат за сите.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се врши проценка на штетите по силниот ветар во Штип – пациентите од Ортопадија се уште се на другите одделенија

Дејан Дејан

Полемиката меѓу Муцунски и Османи околу преговарачката рамка не запира

Дејан Дејан

Шумски пожари беснеат во Франција и Шпанија, над стотици илјади луѓе се евакуирани – пожарникарите немоќни пред силата на ветрот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе