Вести Македонија Најважни

Арбен Рамадани е назначен за главен ревизор за ИПА фондовите – разрешена Афрона Верзиволи, „Вреди“ не се откажува од неа

Афрона Верзиволи е разрешена од вршител на должноста главна резизорка за инструментот за претпристапна помош. Одлуката ја донесе владата, а на нејзино место е именуван Арбен Рамадани. Од владата соопштија дека тој е самостоен ревизор во секторот за унапредување на ревизијата. Работел и како виш ревизор во секторот за ревизија на ИПА областа.

Афрона Верзиволи, која нема ревизорско искуство, ниту соодветни ревизорски сертификати, е разрешена под притисок на јавноста. Како што објави Телма, таа е економист и работела во банка, а  како главна ревизорка која ќе го контролира трошењето на европските пари беше именувана по предлог на „Вреди“.

Но, „Вреди“ не се откажува од својот предлог, па ќе чекаат таа да добие соодветен сертификат. За назначувањето и делегацијата на Европската Унија во Скопје рече дека ќе го следи посебно, а Антикорупциската комисија отвори предмет по анонимна пријава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се врши проценка на штетите по силниот ветар во Штип – пациентите од Ортопадија се уште се на другите одделенија

Дејан Дејан

Полемиката меѓу Муцунски и Османи околу преговарачката рамка не запира

Дејан Дејан

Шумски пожари беснеат во Франција и Шпанија, над стотици илјади луѓе се евакуирани – пожарникарите немоќни пред силата на ветрот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе