Вести Македонија Најважни

„Вреди“: ДУИ да се преименува во НУД – Недемократска партија за дезинтеграција, го користи Рамковниот како штит за своите корумпирани функционери

Коалицијата „Вреди“ ги оцени најавите на ДУИ за одбележување на 13 август, денот на потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, како нивен партиски „празник“, како чист паралелизам и обид за поделба на Албанците.

„Датумот на потпишување на Рамковниот договор се одбележува институционално, со соодветна програма и агенда“, нагласуваат од Коалицијата.

Во соопштението коалицијата посочува дека ако ДУИ продолжи да манифестира недостаток на внатрешен капацитет за програмски и кадровски реформи, може слободно да се преименува во НУД „Недемократска унија за дезинтеграција“.

„Оваа партија заради 22-годишното владеење не може да прифати дека мнозинството Албанци ја испратија во опозиција. Затоа тврдоглаво и надвор од секоја логика се дрзнува да го приватизира и Охридскиот рамковен договор. Најавите дека партијата на Ахмети ќе го одбележи 13 август како нивен партиски „празник“, коалицијата „Вреди“ ги оценува како чист паралелизам и обид за поделба на Албанците, бидејќи датумот на потпишување на Рамковниот договор се одбележува институционално, со соодветна програма и агенда“, се наведува во соопштението од Коалицијата.

Од коалицијата „Вреди“ информираат дека веднаш откако официјално беа испратени поканите за одбележување на овој историски датум, ДУИ и Али Ахмети решиле, како што стои, да го девалвираат државниот и институционалениот празник со приватен настан.

„ДУИ го користи Охридскиот рамковен договор како штит за своите поранешни корумпирани функционери. Овие подмолни намери на ДУИ се прочитани од граѓаните. Секогаш кога тие велат „Охридскиот договор“ и се обидуваат да наметнат теми за легитимитет, тоа значи дефокусирање од темите за корупциски скандали и одговорноста за време на нивниот 22-годишен режим. Никој нема право да ги приватизира придобивките за Охридскиот рамковен договор. Коалицијата ВЛЕН апелира до ДУИ да не го осквернавува 13 август, датум кој донесе мир. Срамно и понижувачки за загинатите и живи борци на УЧК и за потписниците Арбен Џафери и Имер Имери, Охридскиот договор да се приватизира со криминални зделки како Соравија. ВЛЕН нема да дозволи Албанците да бидат заложници за спасување на криминалните структури на ДУИ“, се наведува во соопштението од коалицијата „Вреди“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се врши проценка на штетите по силниот ветар во Штип – пациентите од Ортопадија се уште се на другите одделенија

Дејан Дејан

Полемиката меѓу Муцунски и Османи околу преговарачката рамка не запира

Дејан Дејан

Шумски пожари беснеат во Франција и Шпанија, над стотици илјади луѓе се евакуирани – пожарникарите немоќни пред силата на ветрот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе