Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека активни се шест пожари, два се под контрола, а од вчерашните вкупно 37, изгаснати се 29.
Претпладнево активни се шест пожари. Пожар има во Општина Македонски Брод, меѓу село Тажево – село Брезница и „Јасен“, каде гори борова шума. Во Општина Охрид, пожар има на Галичица и се шири во правец на местото викано Магаро кон Стење во Општина Ресен, а гори нискостеблеста вегетација. Во Општина Новаци, пожар има кај селата Полог, Скочивир, Грумаци и Сливница, каде годи ниска вегетација. Во Општина Кичево, кај селата Бигор Доленци и Челопеци, гори мешана шума. Во Општина Струга гори ниска вегетација кај селата Долна Белица и Октиси. Пожар има и во Сарај кај селата Ласкарци и Паничари.
Под контрола се пожарите на Илинска планина на територија на општините Демир Хисар и Охрид, каде гореше ниска вегетација, нискостеблеста шума и букова шума, и на депонијата Делчево.
ЦУК соопшти дека се изгаснати 29 пожари и тоа:
1. Кичево: с. Зајас (мешана шума);
2. Општина Петровец: с. Градманци – Дивље (ниска вегетација);
3. Општина Студеничани: м.в. Дрешница – с. Батинци (мешана шума);
4. Општина Гази Баба 1: с. Јурумлери (ниска вегетација);
5. Општина Гази Баба 2: нас. Идризово (ниска вегетација);
6. Општина Чучер Сандево: кај Аеродром Стенковец (ниска вегетација);
7. Општина Сопиште: с. Патишка Река (ниска вегетација);
8. Општина Шуто Оризари: ул. „Гвадалахара“ (ѓубре и ниска вегетација);
9. Општина Арачиново: с. Орланци (3 БППЗ) (ниска вегетација);
10. Општина Пласница: с. Пласница – с. Латово (деградирана шума);
11. Општина Македонски Брод: с. Слатина (нискостеблеста вегетација);
12. Општина Тетово: Во близина на стариот поправен дом (ниска вегетација);
13. Општина Штип: нас. Железничка (ѓубриште, гуми);
14. Општина Кочани: с. Чифлик (ниска вегетација);
15. Општина Берово: периферија на градот (ниска вегетација);
16. Општина Дебар: с. Горно Косоврасти – Рајчица – Татар Елевци (нискостеблеста шума, трње и ниска вегетација);
17. Општина Струга 1: с. Велешта (ниска вегетација);
18. Општина Струга 2: с. Октиси (ниска вегетација);
19. Општина Струга 3: с. Татеши – с. Добовјани (ниска вегетација);
20. Општина Неготино: м.в. Летиште (ниска вегетација);
21. Општина Битола: м.в. Кркардаш (нискостеблеста шума);
22. Општина Прилеп: ул. „Круме Беќар“ (ниска вегетација);
23. Општина Струмица: с. Владевци (ниска вегетација);
24. Општина Старо Нагоричане: с. Жегљане (стрниште и лозје);
25. Општина Охрид 1: с. Косел (ниска вегетација);
26. Општина Охрид 2: Депонија Буково (ѓубре);
27. Општина Делчево: с. Илијово (ниска вегетација, грмушки и дабова шума);
28. Општина Ресен: с. Љубојно – с. Долно Дупени (нискостебелсти растенија, ѓубре и ниска вегетација);
29. Општина Липково: с. Матејче (стрниште и ниска вегетација).
