Вести Македонија Најважни

Пет пожари беснеат низ Македонија – ЦУК со неочекувана помош од пилоти на комерцијални летови

Пет активни пожари и три под контрола е моменталната состојба на теренот, каде стотина пожарникари, припадници на АРМ, полицајци, странска помош и доброволци се борат со пламените јазици во повеќе региони од државата. Гори кај „Јасен“, на планината Галичица, Струга, Кичево, Демир Хисар. Сепак од Центарот за управување со кризи (ЦУК) потенцираат дека состојбата на терен се менува од час во час.

Пожарот кај „Јасен“ е во фокусот на ЦУК и таму се распоредени голем број на пожарникари, специјалните полициски сили, унгарските пожарникари и „Ер трактори“.

Ангелов е оптимист дека пожарот на Галичица, кој гори веќе четврти ден, ќе биде запрен и локализиран.

ЦУК доби и ненајавена помош од пилоти на комерцијални летови кои при прелет преку Македонија до контролата за летање пријавиле два нови пожара.

Четириесет и шестчлениот пожарникарски тим од Унгарија денеска си заминува од Македонија, а од утре на терен ќе дејствува хеликоптер од Словенија.

Полицијата досега откри 10 лица против кои се поднесени кривични пријави за предизвикување на општа опасност или предизвикување на шумски пожар. Последни во низата се 57-годишен прилепчанец, кој е осомничен за пет подметнати пожари на територијата на Македонски Брод, и три лица од Скопје кои биле фатени во близина на селото Патишка река, исто така, откако подметнале пожар.

МВР ги подигна дроновите за да може полесно да ги улови подметнувачите на шумските пожари. Дроновите ќе летаат 24 часа во денот во повеќе подрачја од државата и се опремени со термални камери за да бидат оперативни и во ноќни услови.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се врши проценка на штетите по силниот ветар во Штип – пациентите од Ортопадија се уште се на другите одделенија

Дејан Дејан

Полемиката меѓу Муцунски и Османи околу преговарачката рамка не запира

Дејан Дејан

Шумски пожари беснеат во Франција и Шпанија, над стотици илјади луѓе се евакуирани – пожарникарите немоќни пред силата на ветрот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе