Пожарот кој претставуваше опасност да навлезе во селото Папрадиште е ставен под контрола.
Во негово гасење делуваа два хеликоптери, еден на Министерството за внатрешни работи и еден српски хеликоптер.
МВР објави видео од делувањето на хеликоптерот Беч 412 кој според информациите заокружил 11 циклуси при што врз огненото жариште биле исфрлени над 20 тони вода.
Со леталото се делувало во реонот на селата Папрадиште и Ореше.
-Врз истиот пожар дејствуваше и хеликоптерот Х225 од Министерството за внатрешни работи на Србија, со што е спречено пожарот да се развие кон село Папрадиште, информира МВР.
