Аналитичарите очекуваат ДУИ да почне да се однесува како вистинска опозиција и да почне со протести но до дестабилизација на државата нема да дојде бидејќи тоа не одговара никому во Македонија ниту пак тоа би го дозволиле НАТО и ЕУ.
Изјава на премиер секогаш носи тежина а препукувањата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ продолжија и по изборите, а протести додека се во рамките се на демократското делува се легитимни смета аналитичарот Џелал Незири.
Се додека изјавите доаѓаат до премиер добро е да се дебатира и да се анализира. Сепак не се исклучува можноста неговата изјава да е дел од партиска тактика или стратегија. Целиот тој антагонизам меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ изгледа дека ќе продолжи од септември. Дали таа бидат ќе прерасне во конфликт не верувам. Не верувам бидејќи државата е членка на НАТО. Имаме поинаков геополитички контекст по агресијата на Русија врз Украина. Тој контекст ги алармира странските центри на моќ и при најмали инциденти во регионот кои Русија може да ги искористи. Мислам дека се мали шансите некој нов конфликт да се случи од септември а протести од страна на ДУИ мислам дека ќе биде новата стратегија на партијата на Ахмети да делува поагресивно кон Владата, изјави Незири.
Како ДУИ од конструктивна опозиција која ги поддржа законските измени стана фактор за дестабилизација за неполн месец останува нејасно.
Што беше интересот на ДУИ да гласа за тој закон се уште останува енигма. Од тогаш досега што се случи што односите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ повторно се влошија е сегмент кој треба да се анализира бидејќи нема информации кои би не насочиле кон вистински одговор освен отворениот судир за балансерот, вели Незири.
Премиерот Мицкоски вчера децидно кажа дека располага со информации, без да ги наведе изворите, дека ДУИ подготвува дестабилизација.
Од ДУИ излегоа со став дека се гарант за мирот, стабилноста, благосостојбата и европската иднина на Македонија и дека нема да коментираат политички спинови. Најавија дека ќе сторат се во рамките на демократските мерки за да го спречат понижувањето на Албанците и побараа меѓународни експерти да спроведат ветинг на сите носители на јавни функции и приватизацијата.
Сакаме да појасниме дека имаме мандат и одговорност од албанските гласачи за заштита на легитимитетот, политичката волја и достоинството на гласот и Албанскиот народ во Северна Македонија. Ќе ги преземеме сите демократски мерки и средства за да го спречиме понижувањето и мајоризацијата на Албанците преку наметнување на вазали. Уште еднаш ги повикуваме политичките партии на проверка на сите носители на јавни функции со меѓународна помош, соопштија од партијата.
Претседателот на најголемата опозициска партија СДСМ, Венко Филипче, вчера побара од Мицкоски доколку има информации за можна дестабилизација да ги достави до надлежните институции а денес од партијата побараа Обвинителството да го повика Мицкоски на распит.
Доколку Мицкоски вистина поседува информации должен е итно да ги информира институциите и прашање е зошто тоа не го прави. Бараме итно да се произнесе прецизно по ова тврдење, Бараме претседателката Силјановска Давкова да го свика Советот за безбедност доколку е конституиран и бараме Обвинителството да покрене истрага и да го повика премиерот Мицкоски на сослушување, изјави Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ.
Владините партнери, коалицијата „ВРЕДИ“ денес соопштија дена не располагаат со информациите со кои располага премиерот Мицкоски за план за можна дестабилизација на државата и затоа се воздржаа од коментар.
Огнен Чанчаревиќ
