Вести Македонија Најважни

Левица и СДСМ бараат итно разрешување на Африм Гаши, ВМРО-ДПМНЕ е против

Одговорност за нарачателот, не само за извршителот! Опозициските Левица и СДСМ бараат разрешување на спикерот Африм Гаши, кој издал наредба неговото обезбедување „да ја спасува“ косовската претседателка Вјоса Османи од аеродромските служби.

СДСМ бара и кривична и политичка одговорност. Го обвини министерот Панче Тошковски дека „удира по самарот“, а ВМРО-ДПМНЕ дека го штити коалицискиот партнер Гаши, „на сметка на неказнивост, самоволие и непочитување на македонските закони“.

-Дали Мицкоски ќе излезе јавно да побара од него одговорност? Дали МВР ќе покрене постапка или решија да го пуштат низ вода обезбедувачот, на сметка да го заштитат нарачателот? Бараме итно Мицкоски да го смени Гаши од Претседател на Собранието за што СДСМ ќе му даде поддршка. Го повикуваме обивнителството да покрене постапка, а Мицкоски да излезе во јавноста и да побара од Гаши политичка одговорност, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

За Левица, ова е уште една причина за интерпелација на Гаши. Заснована е на 7 точки образложени на 10 страници. Првата „грешка“ на Гаши ја лоцираат во повреда на секуларноста на државата со групна молитва во Собранието, следуваат „истиснување на македонскиот јазик“, неразрешување на Талат Џафери, патување во Вашингтон со сопругата и друго. Очекуваат интерпелацијата да се најде на дневен ред во почетокот на септември, на првата седница по летната пауза.

-Повреда на дипломатските правила за обезбедување ВИП личности, а тоа е актуелниот случај кога шефот на обезбедувањето на спикерот на македонското Собрание учествуваше во практично дипломатски скандал на Меѓународниот аеродром во Скопје и спикерот Гаши јавно призна дека лично ја дал наредбата за негова интервенција во недозволена ареа, рече претседателот на Левица Димитар Апасиев.

ВМРО-ДПМНЕ не се согласува. Пратеничката група смета дека „не е потребна смена на собранискиот спикер, одговорноста е лоцирана, институциите како никогаш до сега преземаа итни и неодложни мерки“. Ставовите на СДСМ, Левица и ДУИ ги сметаат за „обид да се ќарат политички поени“.

Владеачката коалиција „Вреди“ дополнително ќе гради став за овој случај во кој е вмешан и Гаши. Неговиот сопартиец, пратеникот Беким Сали верува дека процедурите не се прекршени.

-Мислам дека нема прекршување на ингеренциите да се прати екипа која ќе ја смири ситуацијата на аеродромот. Целата процедура, доколку има некаква забелешка од партија или од МВР ќе се разгледува. Немаме став во врска со ова, изјави пратеникот Беким Сали од Алтернатива.

Премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашната средба со косовскиот колега Албин Курти, изрази уверување дека „додека тој е премиер, не постојат луѓе што ќе бидат над законот“. До сега, има кривична пријава само за шефот на обезбедувањето на Гаши. Тој им се заканувал на колеги полицајци, туркал службени лица на аеродромот, репетирал пиштол и барал да ја носи со кола по писта претседателката Османи, како што соопшти МВР. Ќе одговара за „загрозување на сигурноста“ и „спречување службено лице во вршење служба“. Испратен е од спикерот Африм Гаши да интервенира во инцидентот на скопскиот аеродром на први август.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вработен во Центарот за вработување во Прилеп осомничен за примање поткуп од 18.000 денари

Дејан Дејан

Телма интервју со Мартин Јошески од АХВ – На кое ниво е координацијата меѓу институциите задолжени за заштита на јавното здравје

Дејан Дејан

Белата пена во водите на Вардар исчезна – но причинителот остана непознат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе