Вести Македонија Најважни

ОЈО истражува диверзија или саботажа на фрижидерите на ИЈЗ исклучени директно од бушони

Дали се работи за диверзија или саботажа? Обвинителството ќе истражува кој вчера ги исклучил од струја фрижидерите во Институтот за јавно здравје каде се чуваат реагенсите за испитување на заразни и незаразни болести.  ВД директорката на институтот, Марија Андонова изјави дека се работи за фрижидери на одделот за микробиологија, кои директно биле исклучени од осигурувачите, а разводните табли се наоѓаат во ходник каде поминуваат сите вработени, но за среќа веднаш интервенирале.

„Дали е случајно или намерно, оставаме да се испита. Но, ние мора да алармираме, бидејќи доколку се случеше навистина овие фрижидери да нефункционираат, навистина се работи за голем дел на реагенси кои што детектираат одредени заболувања, а доколку ние би ги немале тие, не само што ќе има голема материјална, финансиска штета, туку тоа би предизвикало општа опасност за животот и здравјето на граѓаните, бидејќи практично ние денеска ќе немавме ниту еден од тие реагенси со кои што ќе можеме да детектираме заболувања. Нормално детекцијата е најважна за да се даде соодветен, третман, терапија или лекување“, вели Андонова.

А во разводните табли имало стотина осигурувачи, а биле онеспособени само тие на фрижидерите. Сега се работи на утврдување дали и колку од реагенсите се оштетени.

„Таму беа и реагенсите за големата кашлица, а во моментов имаме епидемија на голема кашлица и замислете ние ќе немавме ниту еден реагенс денеска доколку не реагиравме соодветно. Јас пред некој ден ја информирав јавноста дека затекнав недостаток на вакви реагенси и тоа во текот на веќе прогласена епидемија. Надлежните кои што биле пред мене ја оставиле институцијата со недоволен број на реагенси“, додава таа.

Инаку во просторијата каде се фрижидерите имало само еден клуч кој бил кај еден од вработените на тој оддел. Обвинителството го оформи предметот по допрен глас и се испитува дали во конкретниот случај има кривично дело.

„Поради сериозноста на можните штетни последици врз здравјето на луѓето што евентуално би биле предизвикани од еден таков чин, како и можноста да станува збор за кривични дела против државата како што се диверзија или саботажа, дежурните јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје и од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, заедно со истражители од истражните центри на обвинителството, излегоа на лице место и преземаат увидни дејствија“, соопштија од ОЈО Скопје.

Обвинителството, како што соопштија оттаму, прибира документација и се вршат разговори со лица кои би можеле да имаат сознанија за настанот и се прават сите други неопходни проверки.

Марија Митевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД и авганистанските талибанци разменија затвореници

Дејан Дејан

Гркинка вработена во ОН обвинета за проневера на над еден милион долари

Дејан Дејан

11-годишен ученик од Прилеп паднал од трети кат во училиште во Прилеп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе