Вести Македонија Најважни

Активен пожарот во Старо Нагоричане, во Куманово состојбата стабилна

Активен е пожарот во општина Старо Нагоричане во селата Малотино и Рамно, додека на подрачјето на Куманово нема активни пожари, информираа денеска од Центарот за управување со кризи и од територијалните противпожарни единици на Старо Нагоричане и Куманово.

Во Малотино и Рамно гори мешана шума.

– Пожарот во општина Старо Нагоричане  се гаси со два  хеликоптери, македонски и српски. Девет пожарникари од нашата единица, 30 припадници на Армијата, пет припадници од „Национални шуми“, изјави командирот на ТППЕ Старо Нагоричане, Далибор Трајковски.

Пожарот вчера се префрли во боровата шума. Покрај екипи на противпожарни единици на Старо Нагоричане и соседните општини, во гасењето беа вклучени и две теренски возила на „Национални шуми“ од кумановската и од подружницата од сесдна општина Крива Паланка.

На подрачјето на општина Куманово, нема активни пожари. Три интервенции имале и пожарникаите од Куманово, гаселе сува трева и стрниште во Романовце, во Ново Село  и во населбата „Бабинн дол“.

– Испратено е возило за поддршка при гасење на пожари  во оптина Старо Нагоричане, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Димитриевски: Советниците и пратениците кои станаа независни треба да го вратат мандатот

Дејан Дејан

(видео)Оштетена железничката инфраструктура – од електровлечната подстаница Драчево украдена опрема вредна пет милион евра

Дејан Дејан

(видео)Органодарителството спасува живот – мора да биде доброволно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе