Борба против Лажни вести Вести Македонија

СДСМ измеша поранешна директорка со ТВ водителка за смените во МЕПСО каде го „вработи“ и синот на екс претседателот Ѓорге Иванов, а директор станал братучед на партиски лидер

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, на прес-конференција, обвини дека ТВ водителката Анастасија Илиеска, сопругата на водителот Богдан Илиески – Бетмен Велит, е назначена за нов член на тело во МЕПСО и дека таа заедно Иван Иванов, син на претседателот Ѓорге Иванов, се назначени да вршат надзор во државнта енергетска компанија.

Но, по проверките кои ги направи Телма, излезе дека станува збор за луѓе кои имаат исти лични податоци, но различни идентитети со роднините на двете споменати личности, меѓу кои и поранешниот претседател.

Двајцата, Анастасија Илиеска и Иван Иванов, нема да вршат надзор, туку се дел од Управниот одбор на МЕПСО кој е назначен вчера.

Анастасија Илиеска е поранешен државен секретар во МВР и поранешна директорка на УЈП. Исто така е дел од партиските структури на ВМРО-ДПМНЕ. Таа е назначена за член на Управниот одбор на енергетската компанија за финансии и менаџмент.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, негираше и ја обвини СДСМ дека шири лажни вести, затоа што ниту Иван Иванов не е синот на екс претседателот Ѓорге Иванов, туку стручно лице

„Ниту станува збор за синот на поранешниот Претседател Ѓорге Иванов, ниту станува збор за сопругата на Богдан Илиевски. Тоа се комплетно различни личности, кои немаат никаква допирна точка со Иванов и Илиевски. И тоа е лесно проверливо и уште полесно за докажување, но на СДС им е полесно да се расфрлаат со пердуви и да обвинуваат за наводна партизација“, рече Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

На прес-конференцијата на СДСМ, пак, портпаролката Богданка Кузеска посочи и дека новиот директор на МЕПСО е братучед на партиски лидер.

„Со назначувањето на првиот братучед на Изет Меџити, Бурим Љатифи за директор на МЕПСО, имаме целосен непотизам за што бараме институциите итно да реагираат“, рече Кузеска.

Оваа информација досега не е демантирана. СДСМ ја избриша информацијата од официјалниот партиски веб сајт, иако сè уште стои на насловната страна фото и инфо. (слика горе)

ДОПОЛНУВАЊЕ: Потоа СДСМ издаде ново соопштение со извинување за превидот. 

Денеска во одговор на новинарско прашање, СДСМ направи превид во однос на кадровските решенија во МЕПСО.

Во морето на информации кои пристигнуваат до СДСМ за погрешната кадровска политика на ВМРО-ДПМНЕ, пристигната е и нецелосна информација која не беше целосно проверена, со што е направена ненамерна грешка со имињата за членови на Управниот одбор односно Надзорниот одбор на МЕПСО.

СДСМ како одговорна и принципиелна партија упатува јавно извинување до споменатите имиња кои не се дел од новите кадровски решенија во МЕПСО, но и до целата јавност.

Во соопштението на Министерството за транспорт и врски за смените во МЕПСО не беа посочени биографиите на новиот директор и на назначените членови на Управниот и на Надзорниот одбор и не е соопштено каква „енергетско“ искуство имаат избраните, поради што јавноста нема вистински увид во квалитетот на одлуката.

Министерството за транспорт и врски кое е единствен акционер во АД МЕПСО ги има назначено Јован Лазарев, Зоран Тодоровски, Елизабета Гиовска, Симона Домазетовска Марковска, Агрон Рустеми, Звонко Бошков и Али Исмаиљ за членови на Надзорниот одбор.

Новиот Надзорен одбор на завчерашната седница ги избрал и новите членови на Управниот одбор. Покрај директорот и заменик-директорот, нови членови на Управниот одбор се Сашко Лакински, Васе Јовевски, Анастасија Илиеска, Иван Иванов и Мартин Малиновски.

Основен начин на проверка на факти

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Престрелка во Чаир, едно лице е повредено

Дејан Дејан

Мицкоски: Нема да паднеме во замката на Бугарија да бидеме вовлечени во нејзиното предизборие

Дејан Дејан

Продаваат пелети како словенечки, а немаат врска со Словенија – директорот на ДПИ со предупредување до граѓаните

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе