Борба против Лажни вести

Основен начин на проверка на факти

Прашањата и одговорите покрај тоа што се основа на љубопитноста може да помогнат при согледување дали некоја содржина е вистинска или лажна.

Основните прашања се однесуваат на времето, местото и начинот на објавување на определена содржина (информација, фотографија, видео или слично).

Локација: Дали фотографијата ја прикажува локацијата за која изворот тврди дека ја покажува?

Доколку на пример се тврди дека нешто се случува во Скопје, а на определена фотографија или видео се гледаат натписи на јазик несоодветен и неупотребуван во Скопје (на пример на кинески или на некој африкански јазик) тогаш со сигурност може да се оспори вистинитоста на таа содржина/фотографија. Пример: фотографија со сиромашен ученик од Турција кој беше претставен како ученик од Македонија, а содржината беше употребена во политичко-партиски цели за оспорување на актуелни образовни реформи.

Време: Дали видеото или фотографијата кореспондира со датумот и времето за кое се бара?

Ако се зборува дека на пример сега среде лето нешто е забележано, а на таа содржина има фотографија која прикажува луѓе облечени за друг временски период тогаш со сигурност може да се оспори вистинитоста на таа содржина/фотографија.

Извор: Дали е потврден идентитетот и авторството на изворот?

Некогаш фотографија или содржина е објавена како да е направена од оној што ја објавува, но доколку таа не коренспондира со можностите на лажниот автор за присуство на терен/град/држава за која се однесува содржината тогаш со сигурност може да се оспори вистинитоста на таа содржина/фотографија.

Објавување: Дали фотографијата или видеото е објавено или е ексклузивно?

Доста често се случува да се прикаже стара фотографија како да е направена во периодот на објавување на содржината. Но, многу брзо со проверка на името на фотографијата или на содржината на фотографијата може да се провери и да се утврди неесклузивноста на таа содржина (односно реобјавување) без тоа да се посочи, што е основна алатка при новинарската работа. Тогаш со сигурност може да се оспори вистинитоста на таа содржина/фотографија.

Што е дезинформација?

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во војна кој нарачува лажни анктети, а кој лажни документи

Дејан Дејан

СДСМ обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ се враќа на пропагандата од груевизмот, опозицијата најави тужба за клевета за лажни вести со фалц документи презентирани од владеачката партија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе