Вести Македонија Најважни

Огнот ги премина барикадите кон воениот полигон Криволак – таму напомош се пренасочени сите сили

Не успеа заседата на огнот кај  Криволак што ја правеа над стотина полициски тигри, припадници на армијата и пожарниари, за да спречат пожарот да премине преку земјениот пат околу воениот полигон.

Сега ќе се праваат обиди да се пресртене на друго место, иако воените објекти се уште се далеку од огнената стихија.

Гори мешана шума и ниска вегетација, а чадот се протега до Штип и Свети Николе.

Овде ќе бидат активиарни сите воздухопловни сили  на Македонија  за гаснење пожари, ер тракторите, полициските и армиските хеликоптери.

-За жал токму на ова место огнот преминал на другата стрна која оди во насока на река Брегалница. Ќе се обидеме да го пресечеме на друго емсто. Воздухплови тшко помагаат, но бидејќи пожарот тргна во насока на полигонот Криволак, ги насичвме двата ер трактори, еден армиски хеликоптер, а ќе бидат насочени и двата полициски хеликоптери, рече Стојанче Англеов, директор на ЦУК.

Четири големи жаришта се активни на планината Серта, со што овој пожар е најголем и најтежок од деветте  кои беснеат  на територијата на државата.

Ер тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување најпрво делуваа на  пожарот  кај штипските Селце и Пухче, каде гаснеа во текот на денов,  а прд да бидат пренасочени на Криволак, делуваа на нова критична точка кај неготинско Калањево за да се спречи ширење на огнот додека е во почетна фаза.

Третата активна точка на Серта е под ловиштето, а четвртиот крак е пожарот кој се активираше вчера попладне во близина на воениот полигон Криволак.

И резерватот Јасен од огнената стихија , го бранат локалните пожарникари со поддршка на армијата.

Вчера хрватскиот канадер кој полнеше вода на Козјак, работеше на гаснење на пожарот во близина на Јасен, но денеска безуспешни останаа два обида за воздушно дејствување на армискиот хеликоптер поради  густиот чад

 -Сериозен пожар има и на територијата на Општина Македонски Брод кај село Тажево и Брезница каде рано утрово упативме  армискиот хеликоптер МИ17, кој поради густ чад не можеше да дејствува и се врати назад во базата. Нешто подоцна повторно се обиде, но повторно беше невозможно поради чадот. На земја работата 30 припадници на армијата кои што помагаат на локалните пожарникари и томот на Национални шуми. вели Ангелов.

Попладнево нов пожар избувна и во Гевгелиско, во близина на село Мрзенци каде треба да се упатат ер тракторите за да се спречи негово проширување.

Воздухопловите на ДЗС ќе дејствуваат и на пожарот кај Фариш,  каде на пожарникарите им помагаат и 20 припадници на полициските тигри.

Се уште е активен и шумскиот пожар  на планината Бабуна, и покрај тоа што вчера двата полициски хеликоптери исфрлија 68 тони вода.

Пожарникарите и цивилното население се засилени со 55 припадници на армијата, а од утрово делуваат два хеликоптера, армискиот и полицискиот.

За гаснење на пожарите на територијата на цела држава се ангажирани 150 припадници на армијата , триесетина припадници на полицијата и 40 на ДЗС.

Во моментот од воздух пожари се гаснат само со домашните воздухоплови, два ер трактора, два армиски и 2 полициски хеликоптери.

Сите странски летала  ја напуштија Македонија, поради пожари во нивните држави, а остана само црногорскиот хеликоптер, кој сепак е приземјен поради дефект.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Димитриевски: Советниците и пратениците кои станаа независни треба да го вратат мандатот

Дејан Дејан

(видео)Оштетена железничката инфраструктура – од електровлечната подстаница Драчево украдена опрема вредна пет милион евра

Дејан Дејан

(видео)Органодарителството спасува живот – мора да биде доброволно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе