Останато Спорт

Европски рекорд на Хадсон Смит на 400 метри

Митингот во Лондон е десетти во серијата од Дијамантската лига и последна проверка на формата пред настапот на Олимписките игри. Домашниот атлетичар Метју Хадсон Смит постави нов европски рекорд.

Британецот на целта пристигна со време од 43 секунди и 74 стотинки и за 33 стоти дела го подобри сопствениот рекорд поставен на 30 мај оваа година во Осло ии стана првиот атлетичар од Стариот континент кој делницата ја минал под 44 секунди.

Фемке Бол триумфираше во трката на 400 метри со пречки и постави нов рекорд на митингот подобрувајќи го сопственото постигнување од пред една година.

На 400 метри Никиша Прајс од Јамајка го освои првото место со најдобар резултат на светот за оваа година, но и рекорд на митингот, а најдобар резултат сезонава има и Кели Хоџкинсон која триумфираше во трката на 800 метри, а воедно тоа е и шесто најдобро време во историјата на оваа дисциплина.

На 3000 метри во машка конкуренција најбрз беше Доминик Лобалу од Швајцарија кој за две секунди го подобри 24 години стариот рекорд на митингот поставен од легендата на долгите патеки Хаиле Гебресиласие.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Голем шок во Доха: Сабаленка испадна во 2.коло, елиминирани и Гоф и Женг (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Џонсон и Шифрин донесоа славје за САД во женската комбинација на СП 2025 (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Нова битка на титаните во ЛШ: Манчестер сити го пречекува Реал Мадрид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе