Вести Македонија Најважни

Опасност од влијание врз сведоци и повторување на делото – продолжен притворот за врховниот судија Наке Георгиев

Врховниот судија Наке Геогиев останува во Шутка уште 30 дена. Обвинителството предложило, а судот прифатил да му го продолжи притворот во предметот во кој е осомничен дека зел 10.000 евра од синот на екс градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев за да му обезбеди погодности на таткото, обвинет во предметот познат како „Чибук“ за шверц со марихуана.

Неговиот бранител Александар Тумановски за Телма потврди дека денеска поднел жалба на ваквата одлука во Апелацискиот суд. Бара поблаги мерки за обезбедување во ситуација кога ни според обвинителството не постои опасност од бегство.

„Притворот му е продолжен поради опасност од влијание врз сведоци и повторување на делото, и покрај тоа што е испитан сведокот (синот на Боро Стојчев) и не постои основ да се повтори делото затоа што е суспендиран од работното место. Кривичниот совет му го продолжил притворот без да даде дополнителни аргументи и образложение зошто го прави тоа“, изјави Александар Тумановски за Телма. 

За ралзика од синот на екс градоначалникот, кој го пријави случајот и еднаш веќе бил во обвинителството да раскаже што му претходело на предавањето на парите,  Георгиев до сега не бил сослушан во обвинителството, потврди неговиот бранител.

Со кого комуницирал врховниот судија, одговори бара обвинителството кое го испратило неговиот телефон на вештачење.

„Активно се постапува во истрагата. Во тек е вештачењето на телефонот на првоосомничениот, а се преземаат и други дејствија за прибирање на материјални и вербални докази кои се неопходни за расчистување на случајот“, информираат од ОЈО ГОКК. 

Во оваа истрага осомничен е и заменик претседателот на советот на јавни обвинители, Иџет Мемети но тој е со мерки на претпазливост и може да оди на работа.

Двајцата функционери од правосудството се осомничени за примање на награда за противзаконито влијание, односно дека лажно ветувале погодности за екс граодначалникот Стојчев. Обвинителството објави дека врховниот судија бил фатен на дело со обележани пари.

Како што објавивме претходно, Стојчев се спогодил со обвинителството на пет години и три месеци, по што неговиот син му се јавил на судијата Георгиев и се сретнале на паркинг во близина на „Ист Гејт“ .

Георгиев во судот тврдел дека е наместен, а Мемети во изјава за медиумите рече дека не сторил ништо незаконско.

Иџет Мемети на јавноста и е познат и како поранешен народен правобранител, а Наке Георгиев пред една година како единствен кандидат беше избран за член на судски, но пред да даде свечена изјава се откажа за да не постои законска пречка Советот да го избере за судија неговиот син кој заврши академија.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лондон е против трговска војна со САД, Берлин и Париз бараат одлучен одговор од ЕУ

Дејан Дејан

Судот во БиХ распиша меѓународна потерница за Додик – се чека одобрување од Интерпол во Лион

Дејан Дејан

Нов чекор на Ереван за оддалечување од Москва – парламентот на Ерменија гласаше за членство во ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе