Вести Македонија Топ вести

Одложен почетокот на судењето за Синџир

РЕК Битола, јаглен, ленти

Одложен е почетокот на судскиот процес во случајот Синџир во кој 20-тина директори и сопственици на фирми се обвинети за злосторничко здружување, даночно затајување и перење пари. Судењето требаше да почне денеска.

Обвинителството за организиран криминал ги товари дека отворале или преземале веќе отворени фирми, преку кои меѓусебно си издавале фактури за фиктивни стоки или услуги за помалку да платат или да не платат ДДВ, со што го оштетиле буџетот за 8 милиони евра.

Судијата кај кого што беше доделен случајот побарал изземање, а нов почеток на судењето ќе биде закажан кога новиот судија кај кого ќе биде доделен ќе се запознае со случајот.

Шестмина обвинети веќе признаа вина и се спогодија за казни. Двајца се спогодија за условни казни уште во фаза на истрага, а четворица признале вина пред да почне судењето. Тројца од нив добија условни казни, а еден обвинет доби една година затвор, како и парични казни од 3 до 5 илјади евра.

Останатите 18 обвинети веќе 8 месеци чекаат почеток на судењето. Меѓу нив, според извори на Телма, има сиромашни и неуки луѓе кои биле искористени за на нивно име да се отвораат фирми преку кои се правеле злоупотребите.

Бизнисмените Стојан Чифлигароски од Битола, чија фирма СВ-Инвест во изминатите години добиваше милионски тендери од РЕК Битола, и Љупчо Пецов Ѓаволот од Неготино, кои се товарат дека биле организатори на групата се во бегство и за нив нема обвинение. Во бегство е уште еден осомничен.

Како организатори на групата се обвинети багеристот Сашо Вучков од Неготино и неговото семејство. Пред да биде уапсен, тој се појави на подкаст на Јутуб и рече дека е виновен, но не е главен, и оти се искористени како жртвени јарци за да се заштитат „големите играчи“.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Скопје по невремето – откорнати дрвја, кровови и огради по улиците и училишните дворови

Sonja Petrusevska

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе