Вести Македонија Најважни

Надлежните молчат или си ја префрлаат топката за причините поради кои се под клуч хируршките сали на Клинички

Министерството за здравство молчи партиите обвинуваат – зошто повеќе од една недела се затворени хируршките сали на Клинички.  Од ВМРО ДПМНЕ со низа прашања наметнуваат дилеми и алудираат на можни причини.

– Ако системот за компримираниот воздух се користи за пациентите во Кома центарот и КАРИЛ, зошто не би бил добар за операциските сали, и обратно- ако салите се затворени заради системот за воздух, зошто работи кај пациенти во Кома центарот и КАРИЛ? Дали причината за затворање на салите навистина е системот за воздух и климатизацијата, за што цела недела нема зафат за надминување на проблемот или се работи за сосема нешто друго? Дали тоа друго можеби е појава на бактеријата МРСА? праша Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ

Интересот на јавноста расте а министерот задравство Демири вчера попладне закажа прес конференција за понедленик на пладне. Телма вчера објави дека токму министерството го известило обвинителството за проблемите со вентилацискиот систем откако почнал да се шири непријатен мирис. Веќе е сослушан претставник на министерстовто а од утре информации со обвинителството ќе споделат и директорите на клиниките.

Директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедија ,карил  и урегентен центар, др Александар Трајановски за Телма вчера потврди дека три сали се опремени со надворешни компресои и дека таму ке се оперираат итните случаи но за причините и евентуалното решение не упати на Заедничките служби на Клинички затоа што гасовите и кислородот, вели се во нивна надлежност.  Но од оваа служба денеска не препратија за одговор назад во клиниките.

Надлежни за операционите сали се соодветните клиники, Ве молиме сите прашања за салите да ги поставите кон нив. Сите клиники кои ќе достават барање за некоја потреба, Јавната установа ќе ја спроведе. Сите системи кои ги снабдуваат Клиниките (ги има повеќе), а се во надлежност на Јавната установа, се функционални и редовно се оддржуваат и сервисираат, стои во одговорот од Јавна установа од областа на здравството за потребите на клиниките

Во однос на проблемите со лифтовите во хируршкиот блок од оваа служба уверуваат дека од денеска сите лифтови во хируршкиот блок работат, откако сервисерот го поправил расипаниот лифт.

Една неделеа повеке од 10 хируршки сали по клуч од засега непознати причини а пацинетите збунети бараат решение во другите болници. Во градската болница “8 ми септември” е благо зголемен бројот на хируршки пацинети и  се организираат за сите да бидат згрижени.

Последниве денови по договор меѓу болниците,  5 пацинети хоспитализирани на Клинички со амбуланти возила се префрлени во “8 ми септември”.

Вчера и директорот на болницата за хирушки болести Св Наум Охридски потврди дека периодов и кај нив се згоемил бројот на пацинети.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Груевски се жали во судот во Стразбур за предметот Тенк – објавено на што се однесува апликацијата и прашањата што треба да ги одговори државата

Дејан Дејан

Кога ќе ја пронајдат ќе треба да одлежи две години затвор мед. сестра за проневерување лекови од онкологија. Апелација ја птоврди пресудата, но таа е во бегство

Дејан Дејан

Summer job како испомош во Бон- како МНР ја испрати поранешната ТВ водителка Бесмира Ејупи во дипломатска мисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе