Вести Македонија Најважни

Јаневска во образование, Љутков во култура?

Екс-пратеничката Весна Јаневска се подготвува за министерската фотеља во образование, актерот Зоран Љутков во култура, додека одбрана е посакуван ресор за ЗНАМ, доколку влезат во владата, дознава „Телма„. Африм Гаши од „Алтернатива„ најверојатно ќе биде новиот собраниски спикер.Сепак, за ништо од ова нема потврда од преговарачките тимови.

Од преговарачкиот тим на ВМРО ДПМНЕ се целосно затворени за какви било информации, освен дека преговорите  финишираат и полека се исцртуваат контурите на министерскиоте места,

И лидерот на ВМРО ДПМНЕ, во денешниот говор во Струга најави дека за брзо време ќе биде формирана новата влада и директно им се обрати на новите министри, за кои рече дека дел се и присутни на настанот.

Мицкоски им најави на идните функционери и дека, ќе се соочат со неговата жестокост доколку влезат во криминал или заткулисни игри. Веднаш зад него, денеска беше потпретседателката Гордана Димитриевска Кочовска, која е најверојатниот нов министер за финансии. Во министерски фотељи се гледаат и останатите потпретседатели, Тимчо Муцунски, Александар Николоски и Владо Мисајловски, како и актуелните министри, Панче Тошковски и Стефан Андоновски.

Од партијата на Максим Димитриевски негираат дека разговарале за министерски позиции. Тврдат дека не добиле ни официјална покана да се придружат на владејачката коалиција, а доколку ја добијат, првин ќе работат на усогласување на програмите, па потоа на кадровските решенија.

Од коалицијата „Вреди„ отворено зборуваат само за ресорите што ги бараат, но не ги откриваат имињата на лицата кои ќе стапат на функции.    Лидерите на „Вреди„ во телевизиските интервјуа деновиве открија дека бараат претседателското место во законодавниот дом да им припадне ним, но не сакаа да потврдат кој ќе седне во спикерската фотеља.

Во „пакетот“ на Вреди се спомнуваат и функциите прв вицепремиер, шест министри, седум заменици министри и раководни позиции на повеќе агенции и управи. За прв вицепремиер се споменува лидерот на Демократско движење, Изет Меџити, а вицепремиер за евроинтеграции би требало да е кадар на  Алтернатива. Оваа партија ќе има и двајца заменици министри,  за образование и во Министерството за односи меѓу етничките заедници. Демократското движење на Меџити ќе ги има и Министерството за екологија и двајца заменици министри во МВР и во транспорт и врски. Движењето Беса ќе има две министерства, Министерството за економија и Министерството за труд и социјална политика. Партијата на Биљал Касами, ќе има и заменик министер за култура. Двајца министри ќе има и Алијанса за Албанците, крилото на Арбен Таравари – министри за здравство и без ресор како и заменик министри за одбрана и за земјоделство. Таравари не ја исклучи можноста тој самиот да го води здравството, иако во игра е и враќање на Фатмир Меџити на таа функција.

Се очекува финалниот договор да се постигне до вторник, 28 мај, за кога е закажана конститутивната седница на Собранието. Новата влада треба да биде формирана до 20  јуни.

Далиборка Демјанска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Како Мисајловски заврши во одбрана, а Тошковски остана во внатрешни работи- кои се министрите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

Дејан Дејан

Мицкоски очекува сите партии во Собранието да ги гласаат измените на Законот за локална самоуправа

Дејан Дејан

Потврдени имињата на министрите во идната влада, Златко Перински за локална самоуправа, Љупчо Димовски кој ќе биде вицепремиер за политички систем и Шабан Салиу, кој ќе биде министер без ресор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе