Вести Македонија Најважни

(видео)Бараме плати за живеење, не за преживување – приватните специјализанти го продолжија штрајкот

Приватните специјализанти втор ден по ред продолжија да штрајкуваат. Сметаат дека нивната плата треба да биде доволна за живеење, а не за преживување. Велат дека не го добиваат она што го даваат.

Времето им поминува залудно во одовлекување утре, задутре. Неисполнети се  ветувањата на министерот за здравство. Тие ги демантираат неговите обвинувања дека зад протестот има политичка позадина и го прашуваат како да преживеат со ниска плата без основни работни услови.

  • „Срамно е еден доктор да нема здравствено осигурување. Мислам дека нема ниедна политичка партија што треба да не мотивира за ние да си ги бараме основните човекови права кои ни се загарантирани со устав. Јас лично немам ниедна книшка од политичка партија. Единствената книшка што ја имам дома е крводарителската на која што пишува „нулта позитив“. Сакам да напоменам околу изјавата на министерот за медиумите дека  три плати се доволни за да си ја платиме месечната школарина, сакам да го прашам дали ние во тие месеци треба да плаќаме сметки, кирии, кредити и дали треба да живееме или да вегетираме за да може да ја платиме школарината?“, вели д-р Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина.  

Министерот за здравство Демири вчера изјави дека смета дека штрајкот на специјализантите има политичка позадина и им порача дека во предизборие не може да носи одлуки. Подоцна ги повика на средба во Влада, но не им понуди конкретно решение за нивните барања.

На владина седница денес ќе се одлучува за барањето на специјализантите за покачување на платите во висина на просечната плата, а во зависност од одлуката тие ќе одлучат дали ќе продлжи нивниот штрајк.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе