Вести Македонија Претседателски избори 2024

(видео)Претседателски избори 2024 – хроника 16.04.2024

Мораме да си ја земеме судбината во свои раце и да ја направиме земјата повторно горда, порача од Валандово кандидатката за претседателка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова. Таа ја искористи симболиката на калинката и зрната да спореди каква сплотеност треба да имаат граѓаните на државата за најважните прашања.

Стево Пендаровски, актуелниот претседател во трка за втор мандат вечерва во Велес ја презентираше својата програма во која клучно место зазема ветингот на функционерите и правосудството и обвини дека опозицијата го попречува и блокира патот кон Европската Унија со своите постапки.

Претседателскиот кандидат на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски уште еднаш побара јавно соочување на сите претседателски кандидати. Има чувство дека двајца од кандидатите бегаат од јавна дебата, а токму тие се фаворизирани и најзастапени во медиумите заради законски предвидениот закупен простор.

Претседателскиот кандидат на Левица Билјана Ванковска исто така бара дебата. се сомнева дека оние кандидати што избегнуваат соочување се плашат дека ќе се види колку се сите исти. најавува иницирање нов устав, за кој ќе бидат консултирани сите граѓани.

Претседателскиот кандидат коалицијата Храбро за Македонија, Стевчо Јакимовски ветува поддршка за здравствените работници. предлага  придонесот за здравство повторно да биде 13 отсто, да не се дозволи иселување на ниту еден млад лекар или друго медицинско лице  и изградба на регионална болница по НАТО стандарди.

Селективната правда во политички мотивираните случаи, но и се поголемата неказнивост по измената на кривичниот законик, не доведоа до ситуација во која само два отсто од граѓаните веруваат во правдата, рече на денешната прес-конференција претседателскиот кандидат од коалицијата вреди, Арбен Таравари. додаде дека како претседател ќе преземе конкретни чекори за враќање на довербата, и дека приоритет на коалицијата ќе биде европеизација на правосудниот систем.

Претседателскиот кандидат Бујар Османи претходно соопшти дека поради здравствени причини во семејството нема да има предизборни активности.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД: Хамас на маса има исклучително великодушна понуда од Израел

Дејан Дејан

Отстранувањето на експлозивните направи во Газа ќе трае 14 години, пресметале ООН

Дејан Дејан

Маж со мачета нападнал луѓе во североисточен Лондон

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе