Вести Македонија

КОД: Нема јавни податоци за фирмата која ќе го презема „Тхор“ на Дрин Ахмети

Минатата недела Тхор, фирмата на Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети објави дека оваа компанија која претходно ја купуваше Соравија ќе биде преземена од Тексас Американ Интернешнл Холдиннгс Инкорпорејтед.

КОД во трео продолжение истражуваше, но не можеше да најде никакви јавно достапни податоци за фирма со такво име, кое беше претставена како успешна и водечка фирма на светскиот пазар.

Во КОД вечерва и нови детали за бизнис партнерот на Дрин Ахмети од Тексас, Ник Мехмети кој води бизнис асоцијација, а во градот Далас води стриптиз клубови и го придружуваше министерот за образование Јетон Шакири на средби со дијаспората.

Во КОД и детално за обвиненијата против Љупчо Пецов викан Ѓаволот и против Стојан Чифлигароски. Двајцата се во бегство, а се обвинети во предметот Синџир за даночни измами со лажни фактури.

Пецов-Ѓаволот во меѓувреме извршил слично кривично дело со злоупотреби со количина на купена нафта на повеќе тендери, а за исто такво дело веќе беше осуден на 9 години затвор. КОД е по вечерните вести на Телма, во 19:15.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вода загадена со фекалии течела од чешмите во Гостивар – отворена истрага против три лица за Тешки дела против животната средина

Дејан Дејан

Маж од Пробиштип, мачел три жени со електрошокови и им изнудил 110.000 денари

Kristina Kuzmanovski

Силно невреме предизвика штети во Делчево, паднати дрвја на повеќе патни правци

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе