Емисии Код

КОД: Министер за образование во придружба на газда на стриптиз бар, должни на Еуростандард, интервју со Петровска

Во рамките на истражувањата за Дрин Ахмети внукот на лидерот на ДУИ, КОД во ова издание открива дека неговиот партнер од САД, Ник Назар Мехмети заедно со Дрин биле во придружба на министерот за образование и наука Јетон Шакири при неговата посета во САД и средби со албанската дијаспора. КОД имаше повеќе теми во емисијата „Министер со стриптиз газда, должни на Еуростандард, интервју со Петровска“.

1.Како и зошто пропадна Евростандард банката? Според истражувањата на КОД одговорот е едноставен – над половината од оние што земале кредит, односно три четвртини од кредити, не биле враќани па не се знаело и дали воопшто ќе се наплатат.  Еден од највпечатлиовите податоци не дека постоеле и такви кои доцнеле да си платат рати од над 1.600 дена или пресметано во години 4 и пол. Прашањето кое мојот колега Срѓан Стојанчов го истражуваше е и кои се правните и физичките лица кои имале такво повластување – да не плаќаат со години, додека ние обичните смртници се тресеме од извршување или активирање на хипотеките за секоја рата од кредитот.

2.По неколку истражувачки стории за тендерите во РЕК за увозот и ископот на јаглен од таму добивме Демант. Не се согласуваат со наводите. КОД ќе ги објави нивните забелешки, но и нашите истражувања кои ги темелиме на конкретни факти . Во оваа истражувачка емисија секогаш нагласуваме дека Јавниот интерес секогаш е над приватниот интерес, а слободата на прибирање, истражување, објавување и пренесувањето на информации е во согласност со професионалните новинарски стандарди кои произлегуваат и од одредбите на Етичкиот кодекс на новинари.

3.Бизнис партнерот на Дрин Ахмети, Ник Мехмети од Тексас, го придружвал и министерот за образование Јетон Шакири на средби со дијаспората. Шакири на прашање на КОД одговори дека се среќавал со сите иселеници од САД при неговата официјална посета во октомври и дека не знае со што се занимаваат. Ник Назар Мехмети, иселеник во САД со потекло од Ресен, во Далас има стриптиз барови и е претседател на Албанска бизнис мрежа во САД. Во јули во Македонија, Ник Мехмети отворил фирма во канцеларијата на Тхор на Дрин Ахмети во Соравија, а основачкиот влог му е три милиони евра за фирма за консултантски услуги. Парите се претставени како инвестиција во Скопје. Од обвинителството не откриваат детали дали ја истражуваат позајмицата на тие пари во фирмата на внукот на Али Ахмети.

4.Во минатото издание на КОД објавивме дека фирмата Тхор на Дрин Ахмети добило тендер за набавка на софтвер во Министерството за одбрана. Во ова издание интервју со министерката Славјанка Петровска како е избрана фирмата на внукот на Али Ахмети за соработка, зошто при изборот не влијаеле предистрагите за фирмата Тхор за купопродажбата на Соравија и за самиот Дрин Ахмети кој пред Нова Година беше фатен со полн гепек пиротехника. Петровска во интервјуто за КОД открива дека при јавна набавка е откриена фирма од Европска Унија со руски капитал која понудила ниска цена за информатички проект во Министерството за одбрана. Понудата е отфрлена, а отворена е предистрага.

Емисијата „Министер со стриптиз газда, должни на Еуростандард, интервју со Петровска“ беше емитувана на 10.03.2024.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вин Вин 02.05.2024

Дејан Дејан

Топ Тема – Претседателска дебата Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски 01.05.2024

Дејан Дејан

Топ Тема – Што ќе значи исходот од трката Османи – Таравари за парламентарните избори? 26.04.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе