Вести Македонија Најважни

До вчера требало да пристигнат 400.000, а пристигнале само 20.000 обрасци за пасоши

Со судно молење со добавувачот пристигнале 20 илјади обрасци за пасоши во земјава. Министерот Тошковски сликовито раскажа – како е добиена најновата пратка за патните исправи.

Но, количината е само 5% од тоа што било првично договорено во август минатата година.

Тошковски тврди дека со посебен акт се изменети условите од првичниот Договор, со кој биле предвидени многу повеќе обрасци.

Најавува дека ќе се истражува како е дојдено до измена на условите.

„Заклучно со 18-ти февруари, во Македонија требало да пристигнат 400.000 обрасци. Тој Договор, со одреден акт е заменет, еве вака да се изразам за да бидам коректен. И притоа, заклучно со 18-ти февруари, согласно тој Договор е преземена обврска и тоа отприлика во декември месец, за 22 илјади обрасци“, изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи во преодната Влада.

 

„Во минатото, односно во 2021 и 2022 година ако во јануари и декември имавме барања за фотографирање за документи од страна на 20 до 40 илјади граѓани, во декември 2023 година и почетокот на јануари имаме над 170 илјади луѓе кои побарале и биле услужени да добијат услуга од страна на МВР – без разлика дали се работи за пасош, лична карта или возачка дозвола“, додаде заменикот-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев.

Граѓаните сега слободно можат да се движат во некои земји и тоа со пасош со старото име, тврди техничкиот министер за внатрешни. Но, за Македонија не важи истото.

Од МВР и денес со апел до пратениците, да направат законски измени за патните исправи, по истиот принцип како што тоа се направи за возачките дозволи.

„Решението е 61 пратеник да си ја заработат платата којашто ја земаат од граѓаните и да стиснат на тоа пусто копче. Како што го сменија Законот за безбедност во сообраќајот, така да го сменат и Законот за патните исправи и веќе еднаш да го решат проблемот на граѓаните. Срамота е да ги заробиме граѓаните на територијата на којашто сме, а притоа истите слободно можат да се движат во рамки на Германија, во рамки на Швајцарија, во рамки на Албанија, на Косово“, вели министерот Тошковски.

Во меѓувреме, проблеми со замената на македонските пасоши има и во странство.

Од Министерството за надворешни работи преку соопштение информираа дека по претставништвата во Минхен, Бон и Берн, сега во сабота и недела во две смени ќе работи и генералниот конзулат во Венеција.

Ова ќе трае сѐ до нормализирање на ситуацијата и намалување на барањата на нашите државјани, за конзуларни услуги.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе