Остануваат нешто малку повеќе од 48 часа од изборот на техничката влада со што и официјално стартува одбројувањето од 100 дена до избори. Партиите имаат уште два дена да решат дали и како ќе ја гласаат. Во меѓувреме, над 200 закони, но и седмиот член на ДИК, иборот на нов државен ЈО и Уставен судија остануваат како обврска на актуелниот собраниски состав. Ќе ги завршат пратениците овие обврски пред да се распуштат или ќе му ги остават тешките теми на своите наследници во Собранието. Дебата со пратеничките, Снежана Калеска – Ванчева од СДСМ, Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ и Кастриот Реџепи, независен пратеник, дел од пратеничата група Европски сојуз за промени.
ТОП ТЕМА (26.01.2024) – Ќе гласаат ли политичките партии за техничката влада
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
