Спорт Фудбал

Миовски е баран од цела Европа: Абердин се обидува да го задржи по секоја цена

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски има одлична полусезона во дресот на Абердин за кој постигна 14 голови во сите конкуренции.

Шкотскиот тим ќе има сериозни проблеми да го задржи голгетерот во своите редови, бидејќи за Македонецот најголем интерес има од Селтик. Понуди за Миовски има и од Италија од Лацио и Болоња, потоа француски Ремс, како и од англиски Саутемптон.

Неговиот соиграч Лејтон Кларксон јавно побара од челниците на Абердин да го задржат во своите редови. Менаџерот Бери Робсон пред извесно време потврди дека клубот ќе отвори преговори со Миовски за нов договор, а актуелниот му истекува во летото 2026 година.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Маркез ја освои 93-тата пол-позиција во кариерата, Мартин најбрз на спринтот во Шпанија

Desk

Ливерпул ќе плати 11 милиони евра обештетување за новиот тренер

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе