Спорт Фудбал

Сер Џим Ретклиф и официјално купи 25 отсто од акциите на Манчестер јунајтед

Фудбалскиот клуб Манчестер јунајтед денеска објави дека британскиот милијардер Сер Џим Ретклиф купил 25 отсто од акциите. Преговорите со семејството Глејзер, кое го поседува клубот уште од 2003 година, беа релативно долги, а целата зделка треба да се комплетира во следните две недели.

Ретклиф ќе плати 1,25 милијарди фунти за да добие една четвртина од сопствеништвото на премиерлигашот. Британецот кој е роден токму во Манчестер е навивач на „ѓаволите“ уште од детството, а интересно е тоа што неговата компанија ИНЕОС Груп ќе го преземе раководењето со фудбалскиот дел на Манчестер јунајтед.

Ретклиф и неговите соработници ќе бидат одговорни околу трансфер-политиката на клубот, потоа назначувањето или менувањето на менаџерот, скаутингот и сите други делови што се однесуваат само на фудбалот. 71-годишниот Британец ќе инвестира и 300 милиони фунти во унапредување на стадионот „Олд Трафорд“ и тренинг центарот „Керингтон“.

Компанијата ИНЕОС на Ретклиф е гигант во петрохемијата, но долги години е инволвирана во спортот како спонзор. Групацијата веќе поседува два фудбалски клуба, Ница од Франција и швајцарскиот тим Лозана. ИНЕОС велосипедскиот тим е вистински гигант во овој спорт, а компанијата е спознор и на Формула 1 тимот Мерцедес, потоа се појавува како спонзор и во други спортови како рагби и едрење.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Воска Спорт ја отпиша Македонија ЃП од трката за опстанок во ПМФЛ

Desk

ФОТО галерија: Градското дерби без победник, по гол и бод за Работнички и Македонија ЃП

Дејан Дејан

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе