Вести Македонија Најважни

Лидија Раичевиќ, Фатиме Фeтаи и Љупчо Коцевски се пријавиле за местото на Јовевски

Три кандидтури пристигнале до Собранието за главната обвинителска фотеља до последниот ден на огласот- обвинителките Фатиме Фетаи од Вишото скопско обвинителство и  Лидија Раичевиќ од Основното обвнителство и обвинителот Љупчо Коцевски од републикото. Ќе се чека уште неколку денови во случај да пристигнат и кандидатури преку пошта.  Во разговор за Телма сите тројца ги потврдија амбициите за најмоќната обвинителска функција. За мотивацијата и програмата Фетаи најави дека ќе се произнесе во наредиот период. Таа е обвинителка од 2011 во ОЈО скопје. На пошироката јавноста и стана позната откако  беше избрана во СЈО. Од април 2021 е во скопското Вишо обвинителство. Лани се пријави и за шеф на ова обвинителсто, но во последен момент се повлече.

Раичевиќ е обвинителка во ОЈО Скопје од 2003 а  еден мандат гонеше и организиран криминал и корупција. Меѓу предметите познати на јавност  се за екс  директорот на Онкологија Нино Васев, за убиството на Пино Секондо,   случајот Ровер против  Љубе Бошковски и предметот Еразмус. Таа ни  посочи двата клучни мотиви поради кои се пријавила. Првиот е зголемување на довербата на јавнообвинителската функција и начинот на функционирање

  • Мојата амбиција е јавните обвинители да се препознаваат како луѓе и функционери на кои не само што им се верува туку и длабоко се почитуваат. Вториот мотив е корупцијата која е наречена епидемија а доктори за лечење на таа епидемија се јавните обивнители. Тие можат и знаат борба против корупција да ја направат видлива и со резултати, изјави Лидија Раичевиќ, обвинителка во ОЈО Скопје

Коцевски бил во адвокатурта 16 години од каде во  2008 е избран за обвинител во Вишо обивнителство Гостивар. Во јануари 2022 е унапреден во републичкото.  Во телефонски разговор ни најави дека ќе биде отворен за медиумите и во наредниот период ќе ги презатнира своите ставови

  • Со оглед дека имам доволно искуство и знаење, ги знам состојбите во јавното обвинителство, ценам дека можам да одговорам на предизвикот и да бидам јавен обивнител на РСМ и обвинителството да го ужива угледот што го заслужува, изјави Љупчо Коцевски, обвинител во Републичко јавно обвинителство.  

Огласот за нов државен обвинител Собранието го распиша на 27 ноември на еден месец пред да му истече мандатот на Љубомир Јовески иако тој уште во септември го извести Собранието  дека мандатот му завршува на крајот на декември. Со оглед на тоа што процедурата за избор на негов наследник до тогаш нема да заврши се поизвесно е дека ќе биде поставен и ве де обвинител .

Законот за јавно обивнителство ограничи кој може да стане државен обвинител. За разлика од претходно кога се пријавуваа и адвокати, професори и правобранители сега може да биде именуван само обвинител или судија кривичар со 10 години непрекинат стаж.

Пријавените кандидати следно  треба да го поминат филтерот на Советот на јавните обивнители кој на барање од Владата во рок од 15 дена треба да даде позитивно или негативно мислење за сите кандидати . Потоа Владата  до Собранието предлага еден од кандидатите кој добил позитивно мислење.

Елена Ивановска Мукоска

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе