Вести Македонија Топ вести

Заев за Анѓушев: Беше еден од најспособните и најпосветени луѓе во мојот Кабинет

Кочо Анѓушев е мој пријател и соработник кој исклучително го почитувам. Работеше чесно, одоговорно и посветено и беше еден од најспособните и најпосветени луѓе во мојот Кабинет, наведе поранешниот премиер Зоран Заев во писмото до медиумите, откако екс вицепремиерот неодамна заврши на американската црна листа.

За САД вели дека се стратешки пријател и партнер на Македонија, без притоа да коментира и да навлегува во детали за оправданоста на одлуката на Стејт департментот.

Писмото на Зоран Заев го пренесуваме во целост:

САД се стратешки пријател и партнер на Северна Македонија. Сметам дека јас лично, а и како поранешен Претседател на Владата сум исто така пријател на САД. Тоа сум го потврдил низ конкретни примери во текот на моето работење. Тоа јавно го имаат и потврдено највисоки претставници на САД.

Без да ја коментирам и да навлегувам во детали за оправданоста на одлуката на Стејт Департментот за забрана за влез во САД на поранешниот Вицепремиер Кочо Анѓушев, само ќе напоменам, како и порано кога сум бил Премиер така и сега, стојам на располагање за сите потребни одговори и разјаснувања на определени теми од интерес на нашите стратешки пријатели и партнери во врска со било која општествено – економска и политичка тема во земјава вклучително и основот за сомневањата кон Анѓушев.

Јавно сакам да го споделам мојот став кој веќе и е познат на јавноста а тоа е дека Кочо Анѓушев и неговиот тим беа едни од најпосветените и најспособни луѓе и кабинет во Владата во периодот додека бев јас премиер. Голем дел од економските успеси на Владата беа директна заслуга на Анѓушев. Северна Македонија ретко кога имала вака висок функционер кој е и професор но пред се и успешен деловен човек со огромно практично искуство во економската проблематика и предизвиците на државата во економијата.

Како премиер, ми беше чест што имав таков соработник кому економијата и државата му беа секогаш на прво место. Знаеше да каже и покаже дека неговите фирми и капитал вредат онолку колку што ни вреди државата и дека само со успех на државата може да имаме сите надеж дека ќе успееме во сопствените приватните деловни планови.

Сите шпекулации што ги слушам деновиве дури и од одредена јавна институција ги сметам за неосновани затоа што Владата и стручните служби своевремено им имаат обезбедено и испратено навремен, соодветен и основан одговор.

Анѓушев е мој пријател и соработник кој исклучително го почитувам. Јас го замолив мај 2017 година да прифати, да одработи одреден период за македонскиот народ и државата. Тоа го правеше чесно , одговорно и посветено. Денеска, ја има мојата подршка во докажување на неоснованоста за сомневањата кон него изразени од нашите пријатели Соединетите Американски Држав“, пишува во писмото на Заев до медиумите.

Агелер: Анѓушев заврши на црната листа поради многубројни докази за негова вмешаност во коруптивни активности, а не на сомневања

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД со јасен став за ограничената употреба на динарот во Косово

Дејан Дејан

Регистрирани 150 земјотреси во близина на Неапол во јужна Италија

Дејан Дејан

Телма дознава: Приведен е Иџет Мемети, член на Совет на јавни обвинители

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе