Вести Македонија Топ вести

Агелер: Анѓушев заврши на црната листа поради многубројни докази за негова вмешаност во коруптивни активности, а не на сомневања

Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер вели дека ставањето на Кочо Анѓушев на „црната листа“ не се должи на сомневања, туку на многубројни докази за негова вмешаност во коруптивни активности.

На денешниот брифинг со неколкумина новинари, таа зборуваше за причините зошто поранешниот вицепремиер за економски прашања во владата на Зоран Заев се најде на црната листа на САД, но не откри детали за кои случаи конкретно станува збор. Сепак, рече дека не станува збор за изолиран случај.

„Има разни аспекти во кои не можам да навлегувам поради приватност, зашто приватноста ја земаме предвид дури и за лица што ги санкционираме“, вели Агелер.

Агелер додава и дека со конкретните санкции на Анѓушев и неговото семејство им е забрането да патуваат во САД, но не и на неговите бизниси да продолжат да функционираат во Америка. Таа потврди дека Анѓушев ја обжалил одлуката на Стејт Департментот.

-Мислам дека веќе поднесе жалба, можете да најмите адвокати во САД. Сме виделе лица кои во минатото сме ги санкционирале во земјава, во светот, низ регионот многу санкционирани официјални претставници кои имаат тимови адвокати во САД кои се обидуваат да се спротивстават на назначувањето. Негово право е да најми адвокати во САД и да се обиде да промени одлуката, но, како што кажав, оваа работа не е нешто што се зема туку така, таа одлука е донесена по разгледување на значителни докази и пак – слобода на говор, може да кажете што сакате, да ги најмите кои сакате адвокати и тоа од него зависи. Јас не би се обложувала на тоа, изјави Агелер, а ја пренесува “Гласот на Америка” на македонски јазик, чиј новинар беше на брифингот.

Агелер вели дека засега таа не знае дали има и можност Анѓушев да биде опфатен со санкции од некоја друга американска институција, како на пример, од Министерството за финансии и потсети дека имало случаи кога едно лице било санкционирано од две различни американски институции.

На прашањето пренесено од “Гласот на Америка” за Зоран Заев, Агелер појасни дека поранешниот премиер е спомнат во делот за црногорски бизнисмен кој заврши на американската црна листа.

-Нотиравме дека сознанието со кого соработувате може да влијае врз вас и врз вашето семејство, изјави амбасадорката на САД во Скопје.

Заев за Анѓушев: Беше еден од најспособните и најпосветени луѓе во мојот Кабинет

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе