Вести Македонија Најважни

Турција го добила барањето за екстрадиција на Палевски – за испорака на Палчо ќе бидат потребни месеци, а не денови

Министерството за правда вчера добило известување дека до нивните колеги во Турција стигнало барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски Палчо, осомничен за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и на 74 годишниот Панче Жежовски. Барањето било испратено по сите три возможни канали до турското министерство за правда и за надворешни работи и преку Интерпол. Од Министерството за правда денеска брифираа дека, сепак, за екстрадицијата на Палевски ќе бидат потребни месеци, а не денови.

„Месеци се во прашање во овие предмети, не денови и недели, бидејќи се предава човек. Постапките знаат да траат и со години, но не очекуваме оваа толку да трае. Искрено се надеваме дека ќе биде пред јуни. Ние бевме многу брзи. Палевски има право да се жали на се и да се бори против екстрадицијата“, соопштуваат од Секторот за меѓународна правна помош при Министерство за правда.

Оттаму додаваат дека многу ретко кога се работи за лице кое е во истрага како Палевски да се побара дополнителна документација. Но, доколку се бара тие веднаш ќе ја обезбедат.

„Правно предметот е чист и постапката е спроведена баш по книга. Од искуство колку повеќе има борба на барањето за екстрадиција, толку подобро е на крајот, бидејќи може да се стави под знак прашалник процедурата“, додаваат од Секторот за меѓународна правна помош при Министерство за правда.

Заменик министерот за правда Викторија Мадиќ пред брифингот изрази надеж дека екстрадицијата ќе биде извршена во најбрз можен рок.

До Турција секојдневно пристигнуваат по околу 100 барања за екстрадиција. Од министерството за правда апелираа да не се политизира случајот, за и тоа да не се искористи од страна на Палевски.

Од кабинетот на Претседателот  Стево Пендаровски испратија порака до неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган за екстрадиција на осомничениот за двојното убиство Љупчо Палевски Палчо. Пораката е вчера испратена, а нејзината содржина не е позната. Но, Пендаровски очекува екстрадицијата да оди брзо. Од правда пак велат никој не треба да се меша во процедурата.

Во меѓувреме, обдукцијата на телата на убиените е завршена, но обвинителството не потврдува дали се прибрани наодите од Судска медицина за двојното убиство. Од скопското обвинителство велат  „под лупа“ e сѐ што може да ги открие одговорите за монструозниот чин.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СВР Охрид: Возило од обезбедувањето на Гаши излетало кај Ново село, тројца полицајци се повредени

Дејан Дејан

Полициско возило со тројца полициски службеници излетало на патот Охрид-Кичево – повредените се пренесени во болница

Дејан Дејан

Пратеникот Арсовски потврди дека нивен активист е предложен за член на Советот за граѓански надзор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе