Поднесена кривична пријава по брза постапка против возачот кој го пренесе Љупчо Палевски од Белград до Турција поради случајот со двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.
Од МВР велат дека постојат основи на сомневање дека Стефан Димковски сторил кривично дело помагање.

Тој се сомничи дека од 1 до 3 декември со автомобил „Ленд Ровер“, со струмички регистарски ознаки, сопственост на струмичка фирма, го зел Палевски од Белград и го однел во Турција, со цел да му помогне да избега и да се сокрие од органите за прогон.
Возачот кој заврши во притвор, негира вина за случајот. иако претходно на Фејсбук си постирал слики од патот кон Турција.

Беше уапсен од македонската полиција на граничниот премин Дојрани по што детално ги кажал плановите и локациите на бегалецот каде ќе престојува во Турција. Според извори од истрагата на Телма, МВР потоа веднаш ја известува турската полиција да го уапси.

Кривичен го прифати барањето на обвинителството за 30-дневен притвор на струмичанецот.
Димковски, според пишувањата во некои медиуми, додека го превезувал Палевски не знаел дека е осомничен за убиствата и бил искористен од него.
Одреден 30 дневен притвор за струмичанецот кој го транспортираше Палевски до Турција
Од Правда вчера информираа дека барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски е испратено кон Турција. МНР по дипломатски пат до турските власти и во оригинална верзија по брза пошта го испрати документот до Министерството за правда на Турција, а во скенирана верзија е пратен и до Интерпол.
Барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски тргна кон Турција
