Вести Најважни Свет

Катар тврди дека договор за ослободување на заложниците е пред постигнување

Премиерот на Катар, чија земја последниве години се издвои како ефикасен посредник во повеќе блискоисточни кризи, денеска изјави дека преговорите за ослободување на заложниците кои ги држи Хамас во Појасот Газа се во финалната фаза. Шеикот Мохамед бин Алдурахман Ал Тани по средбата со шефот на европската дипломатија оцени дека предизвиците кои остануваат да се надминат во преговорите се повеќе од техничка природа, отколку од политичката волја или подготвеноста на компромис.

Договорот помина низ тешки периоди изминативе неколку недели, но мислам, и станувам сѐ поуверен дека сме доволно блиску за да постигнеме договор кој ќе ги врати безбедни дома. Дали тоа ќе бидат само заложниците на Хамас, или ќе има и некаква размена со израелската страна. Најважно е да влезе хуманитарна помош во Газа, изјави премиерот Ал Тани.

Дека договорот за ослободување на дел од заложниците е пред постигнување, објави и Вашингтон пост, што ја примора Белата куќа да реагира и да негира, но и да посочи дека сите страни инволвирани во преговорите неуморно работат тоа да се оствари.

И израелскиот премиер потврди дека сѐ уште ништо не е договорено. Нетенјаху исто така категорично ја отфрли и можноста од прекин на огнот, што последниве денови често се спомнуваше во извештаите за напредокот на преговорите за заложниците. Израел ќе го елиминира Хамас, порача Нетанјаху, додавајќи дека ако се прашува тој, секој еден член на Хамас може себеси да се смета за мртов човек.

Многумина во светот бараа да не влегуваме во Појасот Газа, ние влеговме. Нѐ притискаа да не влегуваме во градот Газа, ние влеговме. Нѐ предупредија да не влегуваме во Шифа, иако Шифа служеше како голема терористичка база за Хамас. Ни вршеа притисок да се согласиме на целосен прекин на огнот. Одбивме и јас појаснив дека ќе се согласиме само на краток прекин на огнот, и само во замена за враќање на нашите киднапирани, порача нетанјаху.

Шефот на европската дипломатија Борел, од по средбата со Ал Тани во Доха, повика сите страни да ја почитуваат резолуцијата за прекин на огнот на хуманитарна основа, која пред неколку денови беше изгласана во Советот за безбедност на ООН. Борел исто така порача дека сите страни можат да направат многу повеќе за да ги заштитат паслестинските цивили во Газа.

Со меѓународните партнери итно бараме начини како да преминеме од војна кон мир, да воспоставиме хуманитарни коридори, достава на хуманитарна помош, да се зголеми хуманитарната помош. Обезбедувањето хуманитарна помош е од исклучителна важност, но тоа е само справување со симптомите. Нема смисла да му се даде некому храна, или вечера за да биде убиен следниот ден. Треба да се справиме со причините. Мораме да ја направиме хуманитарната фаза првиот чекор кон политичката фаза, рече борел.

Во меѓувреме, СЗО предводела инспекција на болницата Ал Шифа во Газа, по која соопштија дека областа наликува како град на духови. Според нив, во болницата и покрај вчерашната евакуација сѐ уште остануваат 291 пациент во критична состојба, и 32 новороденчиња.

Министерството за здравство на Газа, предводено од Хамас, соопшти дека бојот на загинати цивли надминува 12.300. Две третини од нив се жени и деца, тврди Хамас, додавајќи дека бројот на повредени се смета во десетици илјади.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе