Вести Македонија Топ вести

Застаре и „Топлик“ за продажба на земјиште во Сончев град против поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески

„Топлик“ за Сончев град застаре на првото рочиште во Криивчниот суд, откако таму дојде по вторпат по одлуката на Апелација да ја укине првостепената пресуда со која екс министерот Јанакиевски доби три и пол години затвор, а останатите четворица обвинети ослободителни и три години затвор. Апелационите судии одлучиле да го вратат предметот назад на денот кога во собранието се носеа измените на Кривичниот законик (КЗ), но кога стаса во Кривичен поблагите одредби веќе беа на сила.

„Јавниот обвинител изврши преквалификација на кривичното дело кое им се става на товар на обвинетите од член 353 став 5 во член 353 став 4, а во правец на измените на Кривичниот законик. Врз основа на тоа Јавниот обвинител се откажа од понатамошно гонење на обвинетите заради настапена застареност (во смисла на член 352 од ЗКП)“, соопштија од Кривичниот суд. 

„Топлик“ е само еден од високопрофилните предмети кои паднаа на Апелација. Ова го привлече вниманието на јавноста кон второстепениот суд, а доби забелешки од претседателот на понискиот кривичен суд Иван Џолев, кој на последниот брифинг со новинарите апелираше до Апелација во иднина да размисли за мериторно одлучување, затоа што голем дел од овие познатите предмети до сега ќе беа правосилни и немаше да ги фатат измените на КЗ, доколку повисокиот суд не ги враќаше на почеток.

Претседателката Мери Дика Георгиевска, која од почетокот на годината беше в.д. претседател, а неодамна доби и четиригодишен мандат, денеска даде свечена изјава во судскиот совет заедно со претседателката на кумановскиот суд, Снежана Манев, но не дадоа изјави за медиумите. Георгиевска вети дека наскоро на брифинг со новинарите ќе одговори на сите прашања. Овој суд се соочува и со голем недостаток на судии и судскиот совет во среда ќе избира осум судии.

„Знам дека имаме реални проблеми, знам дека имате недостаток на судии, добар дел од колегите заминаа во пензија, од друга страна следи период кога и други колеги согласно закон ќе остварат право на пензија и дека имате прилив на предмети, но вие сте доволно искусни. Со самото тоа што сте аплицирале, а ние сме ве избрале, очекуваме и верувам дека ќе се носите со таа динамика и успешно ќе се справите со сите тие предизвици“, изјави Сашко Горгиев, претседател на Судски совет.

Измените на КЗ, но и работата на судскиот совет, добија посебно место во делот за владеење на правото каде Европската комисија констатира дека нема напредок. Горгиев денеска не сакаше да ги коментира извештајот и критиките за телото што го предводи. Со образложение дека изминатите денови бил на службено патување, побара време до среда да го прочита извештајот и да се произнесе.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осигурителните компании не ги вратија старите пониски цени на полисите за возилата, денеска нов состанок во финансии

Дејан Дејан

На полноќ истекува рокот за пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај

Дејан Дејан

Вработените во Фондот за здравство денеска излегуваат на протест

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе